YouVersion Logo
Search Icon

Колосјаните 2

2
1 # 4,13-16; Откр 1,11; 3,14 Сакам да знаете во каква голема борба сум заради вас и заради оние што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои не ме видоа лично. 2#Ефес 3,18-19Нека се охрабрат срцата нивни та, соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос, 3во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето. 4#2,8; Рим 16,18; Ефес 5,6А ова ви го велам за да не ве измами некој со лукави зборови; 5#1 Кор 5,3; 1 Птр 5,9зашто, макар и да сум отсутен со те­лото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос.
Исполнетост со животот во Христос
6 # 1 Кор 11,23; 15,1-3; Ефес 4,20-21 Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, 7#Ефес 2,20-22; 3,17; Јуда 1,20вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте на­учени, изобилувајќи во неа со благодарност. 8#2,4; Мт 15,6; Гал 4,3; Ефес 5,6Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; 9#1,19; Ефес 1,23зашто во Него телесно живее сета пол­нота на Божеството, 10#Ефес 1,21-22и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт; 11#3,9; Ер 4,4; Рим 2,29; Ефес 2,11; Фил 3,3; 1 Птр 3,21во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­лековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; 12#3,1; Рим 6,4-11; 8,11; Ефес 1,19-20; Фил 3,10-11откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. 13#1,22; Ефес 2,1.5И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; 14#Ефес 2,14-15; 1 Птр 2,24извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот; 15#1 Кор 15,24; 2 Кор 2,14; Ефес 1,21; 1 Птр 3,22; Откр 12,7-8и, откако ја зграби силата од на­чал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив. 16#Рим 14,1-12; 1 Кор 8; 10,14-33Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи; 17#Евр 8,5; 10,1тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос. 18Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ан­ге­ли­те, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум, 19#Ефес 1,22; 2,21; 4,15-16и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење спо­ред Бога.
Да се умре и да се живее во Христос
20 # Гал 4,3 И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот; 21#1 Тим 4,3„Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“ 22#Ис 29,13; Мт 15,9; Мк 7,7Сите тие се определени за распа­ѓа­ње – кога се управуваат според човечки­те заповеди и учења. 23#Рим 13,14Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy