YouVersion Logo
Search Icon

2 Самоилова 1

1
Давид дознава за смртта на Саул
1 # 1 Сам 30,17.26; 31,6 По Сауловата смрт, кога Давид се врати по разбивањето на Амали­кијците и престојуваше во Циклаг два дена, 2#1 Сам 4,12ете, на третиот ден доаѓа човек од Сауловиот логор; облеката му е испо­кината и на главата има прав. Штом дојде кај Давид, падна на земја и му се поклони. 3И Давид го праша: „Од каде доаѓаш?“ Тој одговори: „Избегав од из­раелскиот логор.“ 4Давид го праша: „Што стана? Раскажи ми.“ А тој одговори: „На­родот се разбега од битката, и многу народ падна и изумре; умреа и Саул и синот негов Јонатан.“ 5Давид го праша момчето што му раскажуваше: „Од каде знаеш дека Саул и синот негов Јонатан умреле?“ 6#Суд 9,54; 1 Сам 31,2-5А момчето што му раскажуваше, рече: „Јас случајно отидов на планината Гелвуја, и ете, Саул падна врз копјето свое, а колите и коњаниците го стигнаа. 7Тогаш тој се сврте назад и, откако ме виде, ми викна. 8И јас реков: ‚Еве ме.‘ Тој ме праша: ‚Кој си ти?‘ Јас му одговорив: ‚Јас сум Амаликиец.‘ 9Тогаш тој ми рече: ‚Дојди кај мене и убиј ме, зашто смртна тага ме опфатила, но душата моја сѐ уште е во мене.‘ 10И јас се приближив до него и го убив, бидејќи знаев дека тој нема да остане жив по паѓањето свое; и го зедов царскиот венец што беше на главата негова, и гривната што беше на раката негова, и ги донесов тука на господарот свој.“ 11#3,31; 13,31Тогаш Давид се фати за облеката своја и ја раскина, исто така и сите луѓе што беа со него, 12#1 Сам 15,32-35; 25,1; 28,3; 31,13и липаа, и плачеа и постеа до вечерта за Саул и за синот негов Јона­тан, и за народот Господов и за домот Израелов, поради тоа што беа загинале од меч. 13#1,8Давид, пак, го запраша момчето што му раскажуваше: „Ти од каде си?“ А тој му одговори: „Јас сум син на еден придојден Амаликиец.“ 14#1 Сам 24,7; 26,9Тогаш Давид му рече: „Како не се исплаши да кренеш рака за да убиеш помазаник Господов?“ 15#4,10.12И Давид повика еден од момците и му рече: „Дојди и убиј го!“ И оној го уби, и тој умре. 16#1,10; 3,28-29И Давид му рече: „Твојата крв нека биде врз главата твоја, бидејќи твојата уста сведочеше против тебе, кога веле­ше: ‚Го убив помазаникот Господов.‘“
Тажењето на Давид по Саул и Јонатан
17 # 2 Лет 35,25 Потоа Давид го оплака Саул и си­нот негов Јонатан со оваа оплакувачка песна, 18#Ис.Н. 10,13заповедајќи им на синовите Ју­дини да ја научат, како што таа е запишана во Книгата на Праведни­кот, и рече: 19#1,25.27„Твојата слава, о Израеле, падна врз твоите височини! Како паднаа израелските јунаци! 20#1 Сам 18,6; 31,4.9; Мих 1,10Не раскажувајте во Гет, не разгласувајте по улиците на Ашкелон, да не се радуваат ќерките филистејски, да не ликуваат ќерките на необрезаните. 21#1 Сам 31,1; Јов 3,3-9Гори Гелвујски, да не падне на вас ни роса, ни дожд! И вашите ниви да бидат без плод, зашто таму е фрлен штитот на Саул, како да не беше тој помазан со масло. 22#1 Сам 18,4; Ис 34,6Без крв од ранети, без мрс од силни, лакот Јонатанов не се враќаше назад, ниту мечот Саулов се враќаше празен. 23Саул и Јонатан, сакани и сложни во животот свој, не се разделија ни во смртта своја; тие беа побрзи од орлите, посилни од лавовите. 24Ќерки Израелови, плачете за Саул, кој ве облекуваше во пурпурна облека со украси и ги китеше со златни накити облеките ваши! 25#1,19.27О, како паднаа силните во борбата! Загина Јонатан на твоите височини. 26#1 Сам 18,1-4Жалам за тебе, брате Јонатане; ти ми беше многу мил; твојата љубов за мене беше поголема од женската љубов. 27#1,19.25Како паднаа силните, како загина бојното оружје!“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy