YouVersion Logo
Search Icon

2 Царевите 9

9
Јуј помазан за цар на Израел
1 # 1 Цар 20,35 Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови и му рече: „Препашај си ја половината, земи го в рака овој сад со масло, па оди во Рамот Галаадски. 2Кога ќе дојдеш таму, најди го таму Јуј, синот на Јосафат, син Нимшиев, пристапи и кажи му да излезе меѓу своите браќа и воведи го во внатреш­ната соба; 3#1 Цар 19,16тогаш земи го садот со масло, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‚Те помазувам за цар над Изра­ел.‘ Потоа отвори ја вра­тата, па бегај и не чекај.“ 4Момчето, слуга на пророкот, отиде во Рамот Галаадски. 5И кога пристигна, ете, заповедници­те на војските испоседнале, а тој рече: „Имам нешто да ти кажам, заповеднику.“ Јуј праша: „Кому од нас?“ Тој одговори: „Тебе, заповеднику.“ 6Јуј стана и влезе в куќи. И момчето го изли маслото врз главата негова и му рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚Те помазувам за цар над народот Господов, над Израел,‘ 7#1 Цар 18,4и ти ќе го истребиш домот на Ахав, твојот господар за да се одмаздам за крвта на Моите слуги – пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела; 8и ќе изгине целиот дом на Ахав, и ќе погубам во домот на Ахав сѐ што е машко, и оние што се во ропство, и оние што се на слобода во Израел, 9и ќе постапам кон домот на Ахав ка­ко што постапив со домот на Јеровоам, синот на Нават, и со домот на Баша, синот на Ахија. 10#1 Цар 21,23А Језавела кучиња ќе ја изедат на јизреелското поле, и никој нема да ја погребе.“ Па ја отвори вратата и избега. 11#Ер 29,26; Ос 9,7И отиде Јуј кај слугите на господарот свој, и тие му рекоа: „Со мир ли? Зошто дојде тој безумник кај тебе?“ И им кажа: „Вие го знаете тој човек и што зборуваше.“ 12И рекоа: „Не е вистина, кажи ни.“ А тој рече: „Тоа и тоа ми кажа, велејќи: вака вели Господ: ‚Те пома­зувам за цар над Израел.‘“ 13#Мт 21,7-8Тогаш тие побрзаа и секој си ја зеде својата наметка, и му послаа пред него по скалите, затрубија со труба и рекоа: „Јуј стана цар.“
Јуј подготвува завера против царот Јорам
14И стана Јуј, синот на Нимшие­виот син Јосафат, против Јорам, а Јорам се наоѓаше со сите Израелци во Рамот Галаадски на стража против арамеј­скиот цар Азаил. 15Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Јизреел од ра­ните што му ги нанесоа Арамејците, кога војуваше против царот Азаил. И Јуј им рече: „Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот за да оди да извести во Јизреел.“ 16Јуј се качи на својата кола и тргна за Јизреел, каде што лежеше Јорам, и каде што беше дошол јудејскиот цар Охозија за да го посети Јорам. 17#2 Сам 13,34; 18,24-27; Ис 21,6-8; Ез 3,17На кулата во Јизреел стоеше стра­жар, и го здогледа Јехуевото мноштво, кога доаѓаше, и рече: „Многу луѓе гледам.“ И Јорам му рече: „Земи коња­ник, испрати им го во пресрет и нека праша: ‚Со мир ли доаѓате?‘“ 18И излезе коњаникот на коњ за да ги пресретне и рече: „Вака вели царот: – со мир ли доаѓате?“ И одговори Јуј: „Што ти е тебе – дали со мир доаѓам? Тргнувај по мене.“ И стражарот јави и рече: „Стигна до нив, но не се враќа.“ 19Испратија друг коњаник; тој отиде кај нив и рече: „Вака вели царот: – со мир ли доаѓаш?“ И рече Јуј: „Што ти е тебе – со мир ли доаѓам? Тргнувај по мене.“ 20Стражарот пак јави и рече: „Стигна до нив, но не се враќа. А возењето, се чини, како да е на Нимшиевиот син Јуј, зашто тој вози така лудо.“ 21Јорам рече: „Впрегнувај.“ И ја впрегнаа колата негова. Излегоа изра­елскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозија, секој на својата кола. Излегоа да го пресретнат Јуј, и се сретнаа со него во нивата на јизреелецот Навутеј.
Израелскиот цар Јорам умира
22Кога Јорам го виде Јуј, рече: „Со мир ли, Јуј?“ Тој одговори: „Каков мир при блудството на мајка ти Језа­вела и при многуте нејзини магии?“ 23Тогаш Јорам се сврте и избега, ве­лејќи му на Охозија: „Предавство, Охозија!“ 24А Јуј го оптегна со раката лакот и го удри Јорам меѓу плешките негови, и стрелата го прободе срцето негово, и тој падна во колата своја. 25Тогаш Јуј му рече на својот заповедник Бидкар: „Земи, та фрли го во нивата на јизреелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татко му Ахав, и како Гос­под изрече врз него вакво про­роштво: 26‚Навистина Јас ја видов вчера крвта на Навутеј и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ќе ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово.“
Охозија, царот на Јудеја умира
(2 Лет 22,7-9)
27Јудејскиот цар Охозија, кога го виде тоа, избега по патот кон куќата што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: „Удрете го и него во колата.“ Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јивлеам. И тој избега во Мегидо, и таму умре. 28Слугите негови го пренесоа во Еру­салим и го погребаа во гробницата не­гова, кај неговите предци, во Давидо­виот град. 29Беше единаесеттата година од вла­деењето на Јорам, синот на Ахав, кога во Јудеја стана цар Охозија.
Смртта на Језавела
30Јуј пристигна во Јизреел. А Језавела, откако слушна за тоа, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот. 31Штом Јуј влезе во портите, таа праша: „Дали носиш мир за Замвриј, убиецу на својот господар?“ 32Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: „Кој е со мене, кој?“ И го свртеа погледот кон него двајца-тројца дворски слуги. 33#Ис 14,25; Мих 7,10; Мал 3,21; Пс 18,42; Лк 21,24; Откр 11,2Тогаш тој им рече: „Фрлете ја!“ Тие ја фрлија, и крвта ѝ се разлеа по ѕидот и по коњите, и ја изгазија. 34И кога дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: „Најдете ја онаа проклетница и погребете ја, бидејќи е царска ќерка.“ 35Отидоа да ја погребат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете. 36Се вратија и му соопштија, а тој рече: „Такво беше словото на Господ што го изрече Тој преку слугата Свој Илија од Тишбе, велејќи: ‚Трупот на Језавела ќе го изедат кучиња на Јиз­реелското поле. 37Језавелиниот труп ќе биде на Јизреелското поле како ѓубре на нива, та никој не ќе може да каже: „ова е Језавела.“‘“

Currently Selected:

2 Царевите 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy