YouVersion Logo
Search Icon

2 Царевите 7

7
1Тогаш Елисеј рече: „Чујте го сло­вото Господово: Вака вели Господ: ‚утре во ова време една сеа чисто браш­но ќе чини еден шекел, а две сеи јачмен – еден шекел, пред портите на Сама­рија.‘“ 2А дворјанинот, врз чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек и рече: „Ако Господ отвореше дури и прозорци на небото, и тогаш ќе можеше ли да се случи такво нешто?“ А тој рече: „Ете, со очите свои ќе го видиш тоа, но не ќе јадеш од него.“
Напуштање на арамејскиот логор
3При влезот на портите имаше четво­рица лепрозни, и тие си говореа еден на друг: „Зошто да седиме тука, очекувајќи ја смртта? 4Ако сакаме да одиме во град, во градот има само глад, и таму ќе умреме; ако, пак, седиме тука, пак ќе умреме. Подобро да одиме во логорот на Ара­мејците: ако нѐ остават живи, ќе живее­ме; ако нѐ убијат, ќе умреме.“ 5И станаа во самрак за да одат во арамејскиот логор. И дојдоа до крајот на логорот, и ете, таму нема ниеден човек. 6Зашто Господ беше направил така што во арамејскиот логор се слушна топот од коли, 'ржење на коњи, шум од голема војска. И Арамејците си беа рекле еден на друг: „Навистина, израелскиот цар ги најмил против нас хи­тиските и египетските цареви за да нѐ избркаат.“ 7#Пс 48,4-5; 53,6; 68,13Затоа беа станале и избегале во тем­нината и ги оставиле шаторите свои, и коњите свои, и магарињата свои – цели­от логор, како што си бил, и беа избегале за да се спасат. 8И лепрозните дојдоа до крајот на логорот, влегоа во еден шатор, јадеа и пиеја, и зедоа оттаму сребро, и злато, и облека, па отидоа, та ги сокрија. Влегоа и во друг шатор, и оттаму зедоа плен, па отидоа и го сокрија.
Крај на опсадата и на гладот
9И си рекоа еден на друг: „Не пра­виме добро. Овој ден е ден за радосна вест; ако се забавиме и чекаме да се раздени, ќе бидеме виновни. Затоа да оди­ме и да соопштиме во царскиот дом.“ 10Дојдоа, ги повикаа царските вра­тари и им раскажаа, велејќи: „Бевме во арамејскиот логор, и ете, таму нема ни човек, ни глас човечки, туку само вр­зани коњи, и врзани магариња, а шато­рите, оставени како што си се.“ 11#Ис 52,8; 62,6; Ер 31,6Вратарите извикаа и ја соопштија веста во самиот царски двор. 12Преку ноќта царот стана и им кажа на слугите свои: „Ќе ви кажам што спремаат со нас Арамејците. Тие знаат дека страдаме од глад, та излегле од логорот да се сокријат во нивите, мислејќи вака: кога ќе изле­зат од градот, живи ќе ги фатиме и ќе навлеземе во градот.“ 13Одговори еден од слугите негови и му рече: „Да земеме пет коњи од останатите во градот, зашто и онака и тие ќе погинат како сето мноштво Изра­елци што остана во градот. Да испратиме и да видиме.“ 14И зедоа два впрегнати коња. И царот испрати по арамејската војска, велејќи: „Одете и видете!“ 15И одеа по нив до Јордан; а тоа, це­лиот пат беше посеан со облеки и други предмети што Арамејците ги беа исфр­лиле во брзото свое бегање. Се вратија пратениците и му јавија на царот. 16Тогаш народот излезе и го разграби логорот на Арамејците, и една сеа чис­то брашно се продаваше за еден шекел сребро, а две сеи јачмен – за еден шекел сребро, според словото Господово. 17И царот го остави кај портите оној дворјанин, врз чија рака се потпираше, и народот го притисна на портите, и тој умре, како што беше рекол Божјиот човек, кога царот беше кај него. 18Кога Божјиот човек му беше зборувал на царот вака: „Две сеи јачмен – за шекел, и една сеа чисто брашно – за ше­кел ќе се продава утре во ова време пред портите на Самарија,“ 19тогаш тој дворјанин му одговори на Божјиот човек и рече: „Ако Господ ду­ри и прозорци отвореше на небото, и тогаш можеше ли да биде такво неш­то?“ А тој му рече: „Со очите свои ќе го видиш тоа, но нема да јадеш од него.“ 20Така и стана со него: го изгази народот пред портите, и тој умре.

Currently Selected:

2 Царевите 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy