YouVersion Logo
Search Icon

2 Царевите 6

6
Чудото со секирата
1Тогаш пророчките синови му кажаа на Елисеј: „Ете, просторот каде живееме кај тебе, е тесен за нас; 2да одиме до Јордан, да земеме оттаму секој по една греда и да си напра­виме таму живеалиште.“ Тој им рече: „Одете!“ 3А еден од нив рече: „Направи ни милост, дојди и ти со слугите твои.“ Тој одговори: „Ќе дојдам.“ 4И тргна со нив, дојдоа до Јордан и почнаа да сечат дрвја. 5И додека еден соборуваше греда, секирата му падна во водата. Тој извика и рече: „Ах, господаре! А таа беше земена на заем!“ 6Божјиот човек запраша: „Каде пад­на таа?“ Тој му го покажа местото. Тогаш Елисеј исече парче дрво, па го фрли таму, и секирата исплива. 7Тогаш му рече: „Земи си ја.“ Тој ја пружи раката и ја зеде.
Елисеј заробува дел од непријателската војска
8Кога арамејскиот цар тргна во војна против Израелците, се посоветува со своите офицери, велејќи: „Во тоа и тоа место ќе го поставиме својот логор.“ 9Но, Божјиот човек испрати да му кажат на израелскиот цар: „Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Арамејците се кријат во заседа.“ 10И израелскиот цар испрати луѓе до тоа место, за кое му зборуваше и го опоменуваше Божјиот човек. Така се заштити оттаму повеќе пати. 11И му се вознемири срцето на ара­меј­скиот цар поради тоа, и тој ги повика своите офицери и им рече: „Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израелскиот цар?“ 12И рече еден од слугите негови: „Никој, господаре мој, царе; туку пророкот Елисеј, кој е во Израел, му ги соопштува на израелскиот цар и оние зборови што ти ги говориш во својата спална соба.“ 13Тогаш тој рече: „Одете, дознајте, каде е тој, и јас ќе испратам да го фа­тат.“ И му соопштија и рекоа: „Ете, тој е во Дотан.“ 14И испрати таму коњи и коли и многу војска. Дојдоа ноќе и го опко­лија градот. 15Кога изутрината прислужникот на Божјиот човек стана и излезе, војската со коњи и коли беше околу градот. При­служникот му рече: „Тешко, господаре! Што да правиме?“ 16Тој одговори: „Не плаши се, зашто оние што се со нас, се повеќе од оние што се со нив.“ 17#2,11; 6,18; 4 Мојс 22,31Елисеј се помоли и рече: „Госпо­ди, отвори му ги очите да види.“ И Господ му ги отвори очите на прислужникот, и тој ја виде целата гора полна со коњи и огнени коли околу Елисеј. 18Кога Арамејците отидоа кај него, Елисеј Му се помоли на Господ и рече: „Погоди ги со слепило.“ И Господ ги погоди со слепило, според зборот на Елисеј. 19Елисеј тогаш им рече: „Не е тоа патот, не е тоа градот, одете по мене, јас ќе ве одведам кај оној што го ба­рате.“ И ги одведе во Самарија. 20Кога дојдоа во Самарија, Елисеј ре­че: „Господи, отвори им ги очите да видат.“ И Господ им ги отвори очите, и видоа дека се среде Самарија. 21Израелскиот цар, кога ги виде, го праша Елисеј: „Да ги убијам ли, татко мој?“ 22Но тој одговори: „Не убивај ги. Зарем со сабјата своја и со лакот свој ги зароби, та да ги убиваш? Дај им леб и вода; нека јадат и пијат, и нека си одат кај господарот свој.“ 23Тој им приготви голема гозба, и тие јадеа и пиеја. Потоа ги пушти, и тие си отидоа кај господарот свој. Оттогаш тие арамејски ограбувачки групи не одеа веќе во израелската земја.
Глад во Самарија
24 # 17,5; 1 Цар 20,1 Потоа арамејскиот цар Венадад ја собра целата своја војска, тргна и ја опседна Самарија. 25И настапи голем глад во Сама­рија, кога ја опседнуваа, така што една магарешка глава се продаваше за осумдесет шекели сребро, и четврт каб гулабова кал – за пет шекели сребро. 26Еднаш израелскиот цар одеше по ѕидот, и една жена му зборуваше со плачење: „Помогни ми, господаре мој, царе.“ 27Тој одговори: „Ако Господ не ти помогне, од каде ќе ти помогнам јас? Од гумното ли, од точилото ли?“ 28Ја праша уште царот: „Што ти е?“ А таа одговори: „Оваа жена ми рече: ‚дај го твојот син да го изедеме денес, а мојот син ќе го изедеме утре.‘ 29И го сваривме мојот син и го изедовме. На другиот ден јас ѝ реков: ‚дај го и ти синот свој, да го изедеме.‘ Но таа го сокри синот свој.“ 30Царот, откако ги слушна зборовите на жената, ја раскина облеката своја; и, одејќи по ѕидот, народот виде дека тој носи на своето голо тело вреќиште. 31И царот рече: „Да ми испрати Бог најтешка казна и уште повеќе нека додаде, ако остане денес главата на Елисеј, Шафатовиот син, на него.“
Елисеј навестува крај на гладот
32А Елисеј седеше во домот свој, и старците седеа кај него. И испрати ца­рот еден од своите слуги. Пред да дојде гласникот кај него, Елисеј им рече на старците: „Гледате ли дека тој, син на убиец, испрати да ми ја земат главата? Гледајте, кога ќе дојде гласникот, затво­рете ја вратата и притиснете го со вра­тата. А ете го и топотот на нозете на господарот негов по него!“ 33Додека уште говореше со нив, ете гласникот пристигна кај него, и му рече на Елисеј: „Ете какво зло од Господ! Што да чекаме во иднина од Господ?“

Currently Selected:

2 Царевите 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy