YouVersion Logo
Search Icon

2 Царевите 3

3
Јорам, цар на Израел
1Јорам, синот на Ахав, стана цар над Израел во Самарија во осумнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години. 2Тој правеше зло пред очите на Гос­под, но не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваал што ја беше направил татко му. 3#10,29; 13,11; 14,24; 15,9.18; 1 Цар 12,26-32; 13,33-34; 14,16; 15,26.34; 16,2.9.29Сепак, тој се приврза кон грево­вите на Јеровоам, Наватовиот син, кој го наведе Израел да прави гревови, и не отстапуваше од нив.
Во воен поход против моавската земја
4 # 2 Сам 8,2; Ис 16,1 Моавскиот цар Меша имаше мно­гу добиток и му испраќаше на израелскиот цар по сто илјади јагниња и по сто илјади неистрижени овни. 5#1,1Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израелскиот цар. 6Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израелци, 7#1 Цар 22,4па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се одметна од мене. Ќе дојдеш ли со мене во војна против Моав?“ Тој одго­вори: „Ќе дојдам; Јас сум со тебе. Мојот народ е и твој народ, а моите коњи се и твои коњи.“ 8И рече: „По кој пат да одам?“ Тој рече: „По патот низ едомската пустина.“ 9И тргнаа израелскиот цар, јудеј­скиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот што одеше по нив. 10Тогаш рече израелскиот цар: „Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“ 11#1 Цар 22,7Но Јосафат рече: „Нема ли тука пророк Господов, па преку него да Го прашаме Господ?“ Одговори еден од слугите на израелскиот цар и рече: „Тука е Елисеј, Шафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце.“ 12#5 Мојс 18,18; 1 Сам 3,19; Ер 1,9; 27,18И рече Јосафат: „Во него има слово Господово.“ И отидоа кај него израелскиот цар и Јосафат и едомскиот цар. 13И му рече Елисеј на израелскиот цар: „Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на својата мајка.“ И му кажа израелскиот цар: „Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“ 14#1 Цар 17,1; 18,15И рече Елисеј: „Се колнам во живиот Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафат, јудеј­скиот цар, не би те почитувал и не би те погледнал; 15#1 Цар 18,46; Ез 1,3; 3,14; 8,1; 33,22; 37,1туку повикајте ми свирач.“ И кога свирачот свиреше, тогаш раката Гос­подова се допре до Елисеј, 16и тој рече: „Вака говори Господ: ‚Направете ја оваа долина јама до јама‘ 17зашто вака вели Господ: ‚нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ќе се наполни со вода, од која ќе пиете вие и вашиот ситен и крупен добиток;‘ 18но тоа е малку пред очите на Господ: Тој и Моав ќе го предаде во рацете ваши, 19и ќе ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ќе ги исечете сите добри дрвја, и ќе ги за­прете сите извори, и сите добри ниви и ќе ги затрупате со камења.“ 20Утредента, додека се принесуваше принос, одеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода. 21Кога слушнаа Моавците дека царевите доаѓаат да војуваат со нив, беа собрани сите што носат појас и постари, па застанаа на границата. 22Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се причини црвена како крв. 23И тие рекоа: „Тоа е крв; се степале царевите меѓу себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!“ 24И тие дојдоа до израелскиот логор. Станаа Израелците и удрија по Моав­ците, кои почнаа да бегаат од нив, но, тие и понатаму трчаа по нив за да ги дотепаат. 25#Ис 16,7.11; Ер 48,31.36И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа. Само во Кир-Харе­шет ги оставија камењата на ѕидините. Но и него праќарите го опколија и го раз­рушија. 26Кога моавскиот цар виде дека ја губи битката, зеде со себе седумстотини мажи, наоружани со меч за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа. 27#Суд 11,30-40; Мих 6,7И тој го зеде својот првороден син, кој требаше да царува по него, и го принесе како жртва сепаленица врз ѕидот. Тоа предизвика големо гадење кај Из­раелците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.

Currently Selected:

2 Царевите 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy