YouVersion Logo
Search Icon

2 Летописи 18

18
Михеј пророкува пропаст
(1 Цар 22,1-28)
1Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахав. 2По неколку години отиде кај Ахав во Самарија; и закла Ахав многу до­биток, ситен и крупен, за него и за луѓето со него и го убедуваше да се кренат против Рамот Галаадски. 3И му рече Ахав, царот израелски, на Јосафат, царот јудејски: „Ќе дојдеш ли со мене против Рамот Галаадски?“ Тој му одговори: „Како што ќе одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ќе дојдам со тебе во војна!“ 4Уште му рече Јосафат на царот из­раелски: „Прашај уште денес што ќе рече Господ.“ 5Израелскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: „Да одиме ли во војна против Рамот Га­лаадски, или да се откажеме?“ Тие од­говорија: „Оди, и Господ ќе го предаде во раката на царот.“ 6Јосафат праша: „Нема ли тука уште некој пророк Господов, да го прашаме и него?“ 7Му одговори царот израелски на Јосафат: „Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкува добро за мене, туку секогаш пророкува лошо; тој е Михеј, син на Јимла.“ Јосафат му рече: „Не зборувај та­ка, царе!“ 8Царот израелски повика еден дворјанин и му рече: „Оди побрзо да го по­викаш Михеј, синот на Јимла!“ 9А царот израелски Ахав и Јоса­фат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред самарјанските пор­ти, и сите пророкуваа пред нив. 10Седекија, синот Ќенаанов, си беше направил железни рогови и рече: „Вака вели Господо: ‚Со нив ќе ги бодеш Ара­мејците, додека не ги истребиш.‘“ 11И сите пророци го пророкуваа истото, велејќи: „Оди против Рамот Галаад­ски, ќе имаш успех, и Господ ќе го пре­даде во раката на царот.“ 12Испратениот, што отиде да го повика Михеј, му рече: „Ене, пророците ед­ногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро.“ 13#4 Мојс 22,18.20.35Михеј одговори и рече: „Се колнам во живиот Господ! Она што ќе ми каже Господ, тоа ќе го изречам.“ 14Кога дојде кај царот, а царот му рече: „Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или да се воз­држиме?“ Тој одговори: „Одете, ќе имате успех; тие ќе бидат предадени во рацете ваши.“ 15Царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам да не ми говориш ништо, освен вистината во името Госпо­дово?“ 16#4 Мојс 27,17Тогаш Михеј рече: „Ги видов сите синови на Израел, распрснати по горите како овци без пастир – и Господ рече: ‚тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘“ 17Царот израелски му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека тој не ми пророкува добро, туку само лошо?“ 18#Дан 7,9Михеј пак рече: „Тогаш чујте го зборот Господов: Го видов Господа, седнат на Својот престол, а сета војска небеска стоеше десно и лево од Него. 19И рече Господ: ‚Кој ќе го измами Ахав, израелскиот цар, да оди и да загине во Рамот Галаадски?‘ И еден велеше вака, друг велеше инаку. 20Истапи еден дух, застана пред лицето на Господ и рече: ‚Јас ќе го измамам.‘ А Господ праша: ‚со што?‘ 21#Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 8,44; 1 Лет 21,1Тој одговори: ‚Ќе излезам и ќе станам дух на лагата во устата на сите пророци негови.‘ И рече Тој: ‚Ти ќе го подмамиш и ќе успееш; оди и направи така.‘ 22#Ез 14,6; Јов 12,16И сега, ете, Господ допушти да влезе духот на лагата во устата на тие твои пророци, но Господ рече не е добро за тебе.“ 23#Дела 23,2Тогаш пристапи Седекија, син на Ќенаана, па го плесна Михеја и рече: „По кој пат замина од мене Духот Господов, за да говори во тебе?“ 24А Михеј рече: „Ете, ќе го видиш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од соба во соба, за да се сокриеш.“ 25Тогаш израелскиот цар рече: „Земете го Михеј и одведете го кај градоначалникот Амон и кај кнезот Јоас, царевиот син, 26#Евр 11,36и речете, вака вели царот: ‚затво­рете го овој во темница и хранете го скудно со леб и вода, додека да се вра­там со мир.‘“ 27А Михеј рече: „Ако се вратиш со мир, тогаш не говорел Господ преку мене.“ И пак рече: „Чујте го ова сите луѓе!“
Смртта на Ахав
(1 Цар 22,29-35)
28И тргнаа царот израелски и Јоса­фат, царот јудејски, кон Рамот Галаад­ски. 29#1 Сам 28,8И царот израелски му рече на Јоса­фат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди.“ И се преоблече царот израелски, и влегоа во битка. 30Тогаш царот арамејски од својата кола им заповеда на војводите: „Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израелски!“ 31А кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: тоа е ца­рот израелски, – и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него. 32Штом заповедниците на колите видоа дека тоа не беше царот израел­ски, отстапија од него. 33Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израелскиот цар низ спојката меѓу појасот и оклопот негов. И тој му кажа на човекот: „Врати се назад и изведи ме од битката, зашто сум ранет.“ 34Но борбата во тој ден се засили; и израелскиот цар седеше на колата спроти Арамејците до вечерта и умре по зајдисонце.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy