YouVersion Logo
Search Icon

1 Солуњаните 3

3
1 # Дела 17,15 Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде доб­ро во Атина да останеме сами, 2#Дела 16,1-3; 17,14-16; 1 Кор 3,9; Кол 1,1и го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера, 3#Мк 13,3-17; Дела 14,22; Ефес 3,13; 2 Тим 3,12та никој да не се поколеба во тие ма­ки; зашто сами знаете дека затоа сме оп­ределени. 4#Гал 4,11; Фил 2,16#Мт 16,24; Дела 14,22; Евр 10,32.36Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете. 5#Мт 4,3Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд. 6#Дела 18,5; 2 Сол 1,3Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас, 7#2 Сол 1,3-4; Откр 2,9-10ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера; 8#2 Сол 2,15зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ. 9Каква благодарност, навистина, мо­жеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог, 10#Фил 1,25кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера? 11А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го на­со­чи патот наш право кон вас! 12#5,15; Фил 1,9; 2 Сол 1,3; Тит 3,2Вам, пак, Господ да ви даде да рас­тете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас, 13#5,23; 5 Мојс 33,3; Зах 14,5; Дан 7,25.27; Мт 25,31; 1 Кор 1,8; Фил 1,10; Откр 14,10и да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии! (Амин!)

Highlight

Copy

Compare

Share

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for 1 Солуњаните 3