Јован 1
MK2006D

Јован 1

1
Словото на животот
1 # 5,17-30; 17,5; 1 Мојс 1,1-5; Пс 106,20; Изреки 8,22; Фил 2,6; Кол 1,15; 1 Јн 1,1-2; Откр 19,13 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. 2Тоа во почетокот беше во Бога. 3#1 Мојс 1,3; Ис 40,26; 48,3; Пс 32,6.9; 147,4-7; Изреки 8,27-30; Мудр 9,1; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 1,1-3; Откр 3,14Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. 4#5,26; 11,25; 14,6Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. 5#3,19; 12,46; Мудр 13,1-9; Рим 1,19-23; 1 Кор 1,21Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. 6#Мт 3,1; Лк 1,13.17.76Имаше еден човек по име Јован, ис­пратен од Бога; 7#1,15.19-35; 3,27-30; 5,33; 10,41тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат пре­ку него. 8#1,20Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. 9#6,14; 8,12; 9,5; 1 Јн 2,8; Откр 21,23; 22,5Беше Вистинска Светлина, Ко­ја го осветлува секој човек, што доаѓа­ во светов. 10#3,16; 14,17; 1 Јн 2,16Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. 11Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. 12#2,23; 3,18; 11,52; Рим 9,8; Гал 3,26; Јк 1,21; 1 Јн 3,1-2А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; 13#3,3.5-6; Јк 1,18; 1 Птр 1,23; Јн 3,9кои не се родија од крв, ниту по желба на телото, ниту од похот машка, туку од Бога. 14#2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,7; Ис 60,1-2; Лк 9,32; Рим 1,3; Гал 4,4; Фил 2,7; 1 Тим 3,16; Евр 2,14И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. 15#Зах 1,4; Мт 3,11; 16,24Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“ 16#Рим 5,21; Кол 1,19; 2,9-10; Ефес 4,13И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат; 17#7,19.22-23; 8,5; 2 Мојс 31,18; 34,28; Мт 5,17; Рим 6,14зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината станаа преку Исуса Христа. 18#3,11; 6,46; 2 Мојс 33,20; Мт 11,27; 1 Тим 6,16; Евр 11,27; 1 Јн 4,12Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.
Сведоштвото на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Мк 1,1-8; Лк 3,1-18)
19 # 1,6; Лк 10,32 И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свеш­теници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20#3,28; Дела 13,25Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“ 21#5 Мојс 18,15.18; Мал 3,1.23-24; Сир 48,10; Мт 11,14; 17,13И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ И рече: „Не сум.“ „Про­рок ли си?“ И одговори: „Не.“ 22А тие му рекоа: „Па кој си, за да мо­жеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“ 23#Ис 40,3; Мт 3,3Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Госпо­довиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ 24А испратените беа од фарисеите; 25#Мт 21,25; Мк 1,4; 6,25и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“ 26Јован им одговори и рече: „Јас крш­тевам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. 27#1,15; Мт 3,11.13; Дела 13,25Тој е Оној што иде по мене, Кој бе­ше пред мене, Кому јас не сум досто­ен да Му ги одврзам ремењата од обув­ките Негови.“ 28#3,26; 10,40Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.
Божјото Јагне
29 # 1 Мојс 22,13; 2 Мојс 12,3; 3 Мојс 14,13; Ис 53,6-7; Ер 11,19; Мк 14,12; Дела 8,32; 1 Кор 5,7; 1 Птр 1,18-19; 1 Јн 3,5; Откр 5,6.9.12-13 На другиот ден Го виде Јован Исуса како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јаг­нето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот врз Себе! 30#1,15.27Овој е оној, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи пос­то­еше пред мене. 31#2,11; 1 Јн 1,2Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода, за Тој да му биде об­јавен на Израил.“ 32#Ис 11,2; 61,1; Мк 1,10; Лк 4,1.14.18И сведочеше Јован, велејќи: „Го ви­дов Духот да слегува од небото како гу­лаб и остана над Него. 33#3,34; 14,16; 19,30; 20,22; 1 Цар 9,17; Ез 36,27; Јоил 2,28; Мк 1,11; Дела 1,5; 2,38Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштевам со вода, Тој ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштева со Дух Свети.‘ 34#Ис 42,1; Мк 1,1И јас видов и посведочив дека Тој е Син Божји.“
Првите Исусови ученици
35 # 3,25; Лк 7,18 А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. 36#1,29.42; Мт 19,26И штом Го виде Исуса како оди, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“ 37Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса. 38#3,2А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави што значи – Учителе, каде живееш?“ 39#11,34Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час#1,39 Околу 16 часот.. 40#6,8; 12,22; Мт 4,18А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Ан­дреј братот на Симон Петар. 41#4,25; 1 Цар 2,10; Пс 2,2; Дан 9,25; Мт 1,16; Лк 4,41Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос#1,41 Месија на еврејски и Христос на грчки значат Помазаник, т.е. посебен Божји пратеник..“ 42#Мт 16,17-18; Мк 3,16; 1 Кор 15,5И го одведе кај Исуса. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јона; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар#1,42 На еврејски Кифа, односно Петар, на грчки значи камен..“
Повикот до Филип и Натанаил
43 # 12,21; 21,19.22; 3 Цар 19,19; Мт 9,9 На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“ 44#Мт 10,3; 11,21И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар. 45#2,1.11; 5,39; 21,2; 5 Мојс 18,18; Ис 7,14; 9,6; Ер 23,5; Ез 34,23; Мт 21,11; Лк 4,21-22; 24,27Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците – Исус, синот Јосифов од Назарет!“ 46#7,41А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“ 47Исус, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“ 48Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ 49#6,69; 11,27; 12,13; Соф 3,15; Пс 2,7; Мт 14,33; 27,42; Дела 13,33Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“ 50#11,40А Исус, одговарајќи, му кажа: „Да­ли веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“ 51#1 Мојс 28,12; Дан 7,9-10; Мт 3,16; 8,20; Дела 7,56И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото от­во­рено и ангелите Божји како се иска­чу­ваат и слегуваат над Синот Човечки.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Learn More About Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

Encouraging and challenging you to seek intimacy with God every day.


YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy.