YouVersion Logo
Search Icon

Јован 2

2
Свадбата во Кана
1 # 4,46 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исуса беше таму. 2На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. 3#19,26А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исуса: „Немаат вино.“ 4#5,25.28; 8,20; 12,23.27; 13,1; 17,1; 1 Мојс 3,15.20; Мт 8,29; Мк 14,35; Откр 12,1Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ 5#1 Мојс 41,55Но мајка Му Негова им рече на слу­гите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ 6#Мк 7,3А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според ју­дејскиот обичај за очистување, што собираа по две до три мери#2,6 две до три мери т.е. 80 до 100 литри.. 7Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. 8Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. 9И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот, 10#Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“ 11#1,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Со ова направи Исус почеток на чудата во Кана Галилејска и ја по­кажа славата Своја; и учениците Него­ви поверуваа во Него. 12#Мт 4,13; Мк 3,31Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.
Исус го очистува храмот
(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)
13 # 6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим; 14#Мал 3,1-4и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари – како седат. 15И откако направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воло­вите; а на менувачите им ги растури па­рите и ги испреврте масите, 16#Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ 17#Пс 68,10Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ 18#4,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците, пак, одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“ 19#Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14Исус им одговори и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“ 20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ 21#Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело. 22#12,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.
Исус ја знае човечката природа
23 # 7,31; 11,47-48 И кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци Негови, што ги пра­ве­ше, поверуваа во Неговото име. 24#6,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги познаваше сите, 25#13,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Currently Selected:

Јован 2: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy