YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 36

36
ПСАЛМ 36
Напредокот на безбожниците не треба да ги ожесточува праведниците
1 # Мал 2,17; 3,13; Изреки 23,17; 23,19 Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие, 2#89,6; 91,7; 101,4.11; 102,15; 128,6; 4 Цар 19,26; Ис 40,7; Јов 14,2; Мт 6,30; Јк 1,10-11; 1 Птр 1,24зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат. 3Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. 4Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде, што ќе посака срцето твое. 5Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; 6#Ис 58,10; Мудр 5,6и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. 7#61,5Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој ус­пева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. 8Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло, 9#24,13зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат Земјата. 10#Јов 5,3; 8,15-17; 20,7-8Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. 11#Ис 57,13; Мт 5,5А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. 12#34,16Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него, 13#2,4но Господ му се потсмева, зашто од­напред гледа дека му се ближи крајот. 14#7,12; 10,2Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце. 15#7,14-16; 9,15; 56,6; Ис 33,11; Ос 8,7; 10,13; Јов 4,8; 15,35; Изреки 1,31; 5,21; 14,32; 22,7; 26,27; Мудр 11,16; 11,22; Сир 27,25-27Но мечот нивни ќе се забие во нив­ното срце, и лаците нивни ќе се скршат. 16#Изреки 15,16; 15,8Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците. 17Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува. 18#1,6; 30,7Господ ги знае патиштата на непо­рочните; и нивното наследство ќе биде вечно: 19во зло време нема да бидат посраме­ни и во деновите на глад ќе бидат сити; 20зашто грешниците ќе загинат, и не­пријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим. 21Грешникот зема на заем и не враќа, а праведниот е милостив и дава, 22#Мт 25,34.41зашто оние, кои Господ Го благо­словуваат, ќе ја наследат земјата, а оние што тој ги проколнува, ќе бидат истре­бени. 23#Изреки 20,24Господ ги зацврстува стапките на чо­векот и мили Му се неговите па­тиш­та: 24#3,5па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака. 25Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведен човек ниту децата не­гови леб да просат; 26тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено. 27#33,14Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно; 28зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува. А беззакониците ќе бидат ис­фрлени и потомството на безбожниците ќе биде истребено. 29Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно. 30Устата на праведниот кажува муд­рост, а јазикот негов изговара правда. 31#5 Мојс 6,3.6; Ер 31,33Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат. 32Грешникот го демне праведниот и бара да го убие; 33но Господ нема да го предаде во не­гови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден. 34Надевај се на Господ и остани на Неговите патишта; Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата; и ќе го гле­даш истребувањето на грешниците. 35#Ис 2,13; 13,13; Ез 31,10-12Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедар леванонски. 36Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов. 37#Изреки 23,18; 23,14Види го непорочниот, гледај го праведниот: има напредок за мирниот; 38а безбожниците сите ќе бидат ис­требени, нивното наследство ќе се зат­ре. 39#9,9; 26,1Спасението, пак, на праведните доаѓа од Господ и Тој е нивни заштитник во тешко време; 40им помага Господ и ги избавува; ги избавува од грешниците и ги спасува, зашто кај Него прибегнуваат.

Currently Selected:

Псалми 36: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy