YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 34

34
ПСАЛМ 34
Молитва за спасение од пакосни непријатели
1Осуди ги, Господи, оние кои ме осу­дуваат, и собори ги оние што се борат против мене; 2земи оружје и штит и дојди ми на помош; 3извади го мечот и пресретни ги го­нителите мои; кажи ѝ на душата моја: „Јас сум спасение Твое!“ 4#30,17; 39,14; 70,13; Ер 17,18Нека бидат посрамени и исмејани оние што ја бараат душата моја: нека се повлечат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло; 5#1,4; 82,13; Ис 29,5; 40,14; Јов 21,18; 33,7; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15нека бидат како прав пред ветрот, и ангел Господов да оди по трагата нивна, 6#72,18; Ер 23,12патот нивни нека биде темен и лизгав, и ангел Господов да ги прогонува, 7#7,15; 9,15бидејќи без причина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без причина ѝ копаат гроб на душата моја. 8#139,5; Ис 47,11Нека дојде врз нив ненадејна замка и мрежата нивна, што ја поставија за ме­не, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат. 9А мојата душа ќе се радува во Гос­под, ќе се весели поради спасението од Него. 10#70,19; 76,13Сите коски мои ќе речат: „Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од ог­ра­бувачите нивни?“ 11#26,12; Мт 26,59-60Се кренаа против мене злобни сведоци: и за она што не го знам ме сос­лу­шуваат; 12#37,20; 108,5ми враќаат зло за добро, и душата моја запаѓа во осаменост. 13А кога тие боледуваа, јас се облекував во вреќиште, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се вра­ќа­ше во градите мои. 14#37,6Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава како оној што тагува по сопствената мајка. 15А сега, кога јас паднав, тие се за­ра­дуваа и се собраа против мене, ми за­да­ваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа; 16ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крц­каа против мене. 17#16,12; 21,20-21О, Господи, до кога ќе го гледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните навалувања, мојата осамена душа – од тие лавови. 18#21,25Тогаш ќе Ти благодарам Господи, на големото собрание, меѓу многуброен народ ќе Те восфалувам; 19#37,16; 68,4; Јн 15,25не допуштај да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и на­мигнуваат со очите. 20#119,6-7Зашто тие не мислат за мир, туку смислуваат измами против мирните во земјата. 21Ги отворија устите свои против ме­не, велејќи: „Аха! Аха! Очите наши ви­доа!“ 22#37,21Ти виде Господи, немој да премол­чиш; Господи, не отстапувај од мене! 23#7,6; 43,23Стани, разбуди се да ме одбраниш, о Боже мој и Господи мој, води ја мојата парница! 24Пресуди ми според Твојата праведност, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене; 25#39,13-16; 69,2-3; Ез 25,3; 25,2за да не речат во срцата свои: „Ни се исполни желбата!“ и да не кажат: „Го проголтавме.“ 26Нека бидат посрамени и исмејани сите, кои се радуваат на мојата несреќа; да се облечат во срам и бесчестие, оние што се гордеат над мене. 27#39,16Нека се зарадуваат и нека се раз­веселат, оние што го сакаат моето пра­ведно дело, и непрестајно нека велат: „Велик е Господ, Кој му се радува на доброто на Својот слуга!“ 28#70,24И јазикот мој ќе зборува за праведноста Твоја и за Твојата похвала секој ден.

Currently Selected:

Псалми 34: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy