YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 32

32
ПСАЛМ 32
Похвална песна за сесилниот Бог
1 # 31,11; 91,1; 146,1 Радувајте се, праведници, во Господ: на праведниците им прилега да Го сла­ват. 2#91,3; 143,9Славете Го Господа со лира, пејте Му на харфа со десет жици, 3#95,1; 97,1; 143,9; 26,6; 1 Цар 16,16.18; Ис 23,16пејте Му нова песна; пејте Му умеш­но и со восклик, 4#88,14; 5 Мојс 32,4зашто словото на Господ е право, и сите дела Негови се извршени во верност. 5#88,14; 118,64Тој сака праведност и суд праведен; со милоста Господова е исполнета Зем­јата. 6#1 Мојс 1; 2,1; Јн 1,1; Евр 11,3Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни. 7#77,13; 1 Мојс 1,9-10; 2 Мојс 15,8; Јов 38,8-11; 38,21.36Тој ги собира како во мев морските води; бездните ги става во сокровишта. 8#66,7; 101,15Нека има страхопочит кон Господ целата Земја; нека треперат пред Него сите жители на светот, 9#148,5; 1 Мојс 1,3.6; Ис 48,13зашто Тој рече и тие настанаа; Тој заповеда и се создадоа. 10#2,1-2; Ис 8,10Господ ги руши помислите на нез­набошците, ги спречува намерите на на­родите. 11#Ис 40,8; 45,9; Изреки 19,21А замислата Господова вечно ос­та­нува; мислите на срцето Негово од род во род. 12#143,15; 2 Мојс 19,6; 5 Мојс 7,6Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое. 13#13,2; Ер 16,17; Јов 34,21Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки; 14од престолот, на кој седи, ги наб­љу­дува сите, кои живеат по Земјата: 15#93,9-11; 138,1-16; 1 Мојс 2,7.8; Зах 12,1Тој, Кој на сите ним им ги создал срцата, пази на сите дела нивни. 16#19,7; 1 Цар 14,6; 17,47; Амос 2,14-16; Јудита 9,7Не го спасува царот голема војска; голема сила ни јунакот нема да го спаси. 17Несигурен е коњот за спасување, со големата сила своја не може да избави. 18#31,8; 33,15Но, ете, очите Господови се врз оние, кои имаат страхопочит кон Него и кои имаат верба во милоста Негова, 19дека Тој ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани. 20#113,17-19Душата наша се надева во Господ: зашто Тој е наш помошник и наш заштитник, 21зашто во Него ќе се весели срцето наше; зашто во светото име Негово веруваме. 22#89,17Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.

Currently Selected:

Псалми 32: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy