YouVersion Logo
Search Icon

Марко 1

1
Улогата на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Лк 3,1-18; Јн 1,19-28)
1 # 3,11; 5,7; 10,29; 13,10; 14,9.61-62; 15,39 Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји. 2#2 Мојс 23,20; Мал 3,1Како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред ли­цето Твое Мојот ангел, кој ќе го под­готви Твојот пат пред Тебе: 3#Ис 40,3; Јн 1,23‚Гласот на оној, што вика во пусти­на­та: подгответе го патот на Господа, из­рамнете ги патеките Негови.‘“ 4#Изреки 28,13; Мт 3,1-2; Лк 18,13-14; Дела 13,24Се јави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите. 5#3 Мојс 5,5-6; 26,40; Мт 3,6И доаѓаа кај него од целата Јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крш­те­ваа од него во реката Јордан, ис­по­ведувајќи ги своите гревови. 6А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. 7#Дела 13,25Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. 8#Мт 3,11; Дела 1,5Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“
Исусовото крштевање
(Мт 3,13; Лк 3,21-22)
9А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан. 10#Ис 11,2; 42,1; 63,11И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. 11#9,7; 1 Мојс 22,2И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
Исусовото искушување во пустината
(Мт 4,1-11; Лк 4,1-13)
12Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината. 13#4,15; Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 13,27; Рим 16,20; 1 Сол 2,18; 2 Сол 2,9И беше таму, во пустината, чети­ри­есет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
Исус го проповеда Евангелието во Галилеја
(Мт 4,12-17; Лк 4,14-15)
14 # Мт 4,12; Рим 1,1; 15,16 А потоа, откако Јован беше пре­да­ден, дојде Исус во Галилеја и го про­по­ведаше Евангелието за царството Божјо, 15#Мт 3,2; Гал 4,4; Ефес 1,10и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
Повик до четирите рибари
(Мт 4,18-22; Лк 5,1-3.10-11)
16 # 1,29; Јн 1,40-41 И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. 17#Мт 13,47-50Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ 18#Мт 19,27И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 19#1,29; 3,17; 10,35Па, штом одмина малку, го виде Ја­ков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите; 20веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
Исус во Капернаум
(Лк 4,31-37)
21 # 6,2; Лк 4,16 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше. 22#6,2; 11,18; Мт 7,28-29И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците. 23#5,2Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, 24#Мт 2,23; 8,29; Лк 4,34; Јн 6,69; Дела 3,14; 4,27.30говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од На­зарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“ 25#7,36; 9,9.25; Лк 4,39.41Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“ 26Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него. 27#1,22; 10,24И се ужаснаа сите, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? И како е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ 28И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
Исцелување на тештата на Симон
(Мт 8,14-17; Лк 4,38-39)
29 # 13,3 Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј. 30#Јн 4,52; Дела 28,8А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. 31Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
Исус исцелува мнозина
(Мт 4,24; 8,16-17; Лк 4,40-41)
32 # Мт 8,16; Лк 4,40 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни. 33И целиот град се беше собрал пред портата. 34#1,25; 3,12И излекува многу болни што стра­даа од разни болести; истера многу де­мони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.
Исус во Галилеја
(Мт 4,23; Лк 4,42-44)
35 # Мт 14,13.23; 26,36; Лк 3,21 А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше. 36А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат; 37#Лк 8,40па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ 38#Лк 4,43; Јн 18,37А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, зашто затоа сум дошол.“ 39#Мт 4,23И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.
Исус исцелува лепрозен
(Мт 8,1-4; Лк 5,12-16)
40 # 3 Мојс 13,45; Мт 17,14 И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 41#5,30; 8,2; 9,22; Мт 9,36; 18,27; Лк 7,13; 10,33; 15,20А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“ 42И штом го рече тоа, се изгуби ле­п­ра­та од него, и тој стана чист; 43#Мт 9,30Па, откако го отпушти, му за­по­веда, 44#1,25.34; 3 Мојс 14,2-32; Лк 17,14и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистува­ње, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“ 45А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во оса­мени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

Currently Selected:

Марко 1: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy