YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 16

16
Фарисеите бараат знак
(Мк 8,11-13; Лк 12,54-56)
1 # 12,38; 22,15.35 Тогаш пристапија фарисеите и садукеите и, ис­ку­шувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото. 2Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; 3а наутро: ‚денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и матно.‘ Лице­мери, из­гледот на небото умеете да го распознавате, а знаците на времињата не мо­жете? 4#12,39Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па, откако ги остави, си замина.
За квасецот на фарисеите
(Мк 8,14-21; Лк 12,1-6)
5И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб. 6#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасот фарисејски и садукеј­ски!“ 7А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“ 8#6,30-31; Мк 4,13Но Исус ги разбра и им рече: „Мало­верни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб? 9#14,13-21; 15,38Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и колку кошеви собравте? 10#Мк 8,1-9Ниту за седумте леба на четири ил­јади души, и колку кошници собравте? 11#16,6Како не разбирате дека не за леб реков: ‚Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!‘“ 12Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.
Сведоштвото на Петар
(Мк 8,27-30; Лк 9,18-21)
13 # 8,20 И кога дојде Исус во областа на Кесарија Филипова, ги праша учени­ците Свои и рече: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ 14#5 Мојс 18,15; Мк 6,14-15; Лк 7,16.39; 9,7-8; 24,19; Јн 4,19Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои Еремија или еден од пророците.“ 15А Тој им рече: „А вие, што мислите, Кој сум Јас?“ 16#4,3; 14,33; Јн 6,69Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ 17#Рим 7,5; Гал 1,16Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. 18#Јн 1,42; 1 Птр 1,1; 3,19А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен#16,18 Игра на зборови, зашто и Петар значи камен. Сепак, личното име е Петрос, а втората именка е петра. ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. 19#Ис 22,22И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разрешиш на земјата, ќе биде разрешено и на небесата.“ 20#8,4Тогаш Исус им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Исус Христос.
Исус ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 8,31-33; Лк 9,22)
21 # 17,12.22-23; 20,17-19; 27,63; Лк 13,32-33; Дела 10,40; 1 Кор 15,3-4 Оттогаш почна Исус на Своите ученици да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвеш­те­ни­ците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. 22А Петар Го повлече настрана, почна да Го одвраќа, велејќи: „Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“ 23#4,10Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“
Патот за следбениците на Исус
(Мк 8,34–9,1; Лк 9,23-27)
24 # 4,19; 10,38; Лк 14,27 Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме последува; 25#10,39; Лк 17,33; Јн 12,25-26зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: 26зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? 27#8,20; Пс 61,12; Изреки 24,12; Сир 35,22; Рим 2,6; 2 Сол 1,7Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови. 28#10,23; 24,30.34; 26,64Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во царството Свое.“

Currently Selected:

Матеј 16: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy