YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 13

13
Параболи за Божјото царство
(Мк 4,1; Лк 8,4)
1Во тој ден, откако Исус излезе од куќата, седна покрај морето. 2#Лк 5,1-3И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
Парабола за сејачот
(Мк 4,2-9; Лк 8,5-8)
3 # Мк 4,2-3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; 4и кога сееше, едни зрна паднаа по­крај патот; долетаа птици и ги ис­кол­ваа. 5Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше дла­бока. 6#Јк 1,11Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се ису­ши­ја. 7Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. 8#Јн 15,8.16Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. 9Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Целта на параболите
(Мк 4,10-12; Лк 8,9-10)
10И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“ 11#1 Кор 2,10; Ефес 3,3-4А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. 12#25,29; Мк 4,25; Лк 8,18; 19,26Бидејќи, кој има ќе му се даде и ќе му се пре­умножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. 13#Ер 5,21; Лк 8,10Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат; 14#Ис 6,9-10; Мк 4,12; Дела 28,26-27и над нив се исполнува пророш­тво­то на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; 15#Јн 12,40срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘ 16#Лк 10,23Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат; 17#Лк 10,24; Јн 8,56; Ефес 3,5; 1 Птр 1,10-12зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
Објаснување на параболата за сејачот
(Мк 4,13-20; Лк 8,11-15)
18„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот. 19Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лу­ка­виот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа е посеаното покрај патот. 20#Дела 17,11; 1 Сол 1,6А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима; 21но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. 22#6,24; Мк 4,19; 1 Тим 6,6-9Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род. 23#Јн 15,8.16; Гал 5,22А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
Парабола за каколот
24 # Мк 4,26 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива. 25Но, додека спиеја луѓето, дојде не­говиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде. 26А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот. 27И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘ 28А тој им рече: ‚Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘ 29Но тој им рече: ‚Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито; 30#3,12; Јн 15,6оставете нека расте и едното и другото, заедно до жетвата; а за време на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да изгори; а, житото приберете го во мојата житница.‘“
Парабола за синаповото зрно
(Мк 4,30-32; Лк 13,18-19)
31 # 17,20; Лк 17,6 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, кое човек го зел и го посеал на нивата своја. 32#Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и се вгездуваат на неговите гранки.“
Парабола за квасецот
(Лк 13,20-21)
33 # Лк 13,21; 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И друга парабола им кажа: „Цар­ството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери браш­но, дури не скисне сето.“
Зошто Исус зборува во параболи
(Мк 4,33-34)
34Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо; 35#Пс 78,2за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
Значењето на параболата за каколот
36 # 15,15; Мк 4,10; 7,17 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Про­тол­кувај ни ја параболата за каколот на нивата!“ 37#1 Кор 3,9#8,20А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. 38#1 Јн 3,10Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. 39#3,12; Јоил 3,13; Откр 14,15-16Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. 40#3,10; Мк 13,27; Јн 15,6И така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. 41#Соф 1,3; Откр 21,8Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат беззаконие, 42#8,12; Дан 3,6; Откр 20,15и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби. 43#11,15; Суд 5,31; Дан 12,3Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Парабола за скриеното богатство
44 # 19,21; Изреки 4,7 „Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
Парабола за бисерот
45„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; 46па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
Парабола за мрежата
47„Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби; 48и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор. 49#13,40-41; 25,32Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги од­делат лошите од праведните, 50#13,42и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби.“
Заклучок
51 # 15,10 И ги праша Исус: „Дали го раз­брав­те сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Гос­поди!“ 52#5,17А Тој им рече: „Затоа секој книж­ник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од својата ризница ново и старо.“
Исус се враќа во Назарет
(Мк 6,1-6; Лк 4,16-30)
53И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму. 54#2,23; Лк 4,16; Јн 7,15А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во синагогата нивна, така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ? 55#12,46; 27,56; Лк 3,23; Јн 1,45; 6,42Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и бра­ќа­та Негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда? 56И сестрите Негови не се ли сите ме­ѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“ 57#16,14; Јн 4,44И се соблазнуваа заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“ 58#8,10; 17,19 И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.

Currently Selected:

Матеј 13: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy