YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 12

12
Прашања околу саботата
(Мк 2,23-28; Лк 6,1-5)
1 # 2 Мојс 20,8 Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а уче­ниците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. 2#2 Мојс 34,21; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои прават што не е допуштено во сабота!“ 3#1 Цар 21,1-6А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите на предложението, што не требаше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку само свеш­те­ни­ците. 5Или, не сте ли читале во Законот дека во сабота свештениците ја нару­шуваат саботата и пак не се виновни? 6#12,41-42Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот; 7#9,13; 1 Цар 15,22; Ос 6,6; Јн 5,16-17и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; 8#8,20Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
Исус исцелува човек со исушена рака
(Мк 3,1-6; Лк 6,6-11)
9И штом замина оттаму, дојде во си­на­гогата нивна. 10#Лк 11,54; 20,20; Јн 8,6И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обви­нат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ 11#5 Мојс 22,4; Лк 14,5А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, што не ќе ја прифати и извади? 12#6,26; 10,31; Јн 5,9; 9,14А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е до­пуштено да се прави добро.“ 13Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата. 14#27,1; Мк 11,18; Јн 5,16.18А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, замина оттаму.
Божјиот Избраник
15 # Мк 3,7-10; Лк 6,17-19 И по него одеше многу народ и Тој ги исцели сите. 16И им забрани да разгласуваат за Него. 17#1,22За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: 18#Ис 42,1-4„Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, Којшто е по благо­во­лението на Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд. 19Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите. 20Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа. 21#Рим 15,12И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
Исус и Велзевул
(Мк 3,20-30; Лк 11,14-23)
22 # 8,29; 9,27-33 Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори. 23#1,1; Јн 4,29; 7,26И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?“ 24#9,34; 4 Цар 1,2; Мк 3,22; Јн 10,19-21А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, началникот на демоните!“ 25#9,4Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, ќе пропадне. 26И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да опстане царството негово? 27И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. 28#3,2.16; 8,29; Мк 1,15; Дела 10,38Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 29#Ис 49,24-25; Мк 3,27; Јн 12,31Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата? 30#13,30; Мк 9,40; Лк 9,50Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура. 31#2 Мојс 34,9; Мк 3,28-29; 1 Тим 1,13; 1 Јн 5,16Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. 32#8,20; Лк 12,10; Јн 8,21; Евр 6,4-6; 10,26-31И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ниту на овој век, ниту на идниот.“
Според дрвото – и плодовите!
(Лк 6,43-45)
33 # Сир 27,6 # 7,16-20; Лк 6,44 „Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото. 34#3,7; 15,18; 23,33; Лк 3,7Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнетото срце зборува устата. 35Добриот човек од добрата ризница изнесува добрини, а лошиот човек од лошата ризница изнесува лошотии. 36#Изреки 10,14; Јк 2,20; 3,2.5-6И ви велам дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; 37#Лк 19,22зашто поради зборовите свои ќе бидеш оправдан, и поради зборовите свои ќе бидеш осуден.“
Знакот на Јона
(Мт 16,1-4; Мк 8,11-12; Лк 11,29-32)
38 # 16,1; Суд 6,17; Јн 6,30; 1 Кор 1,22 Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: „Учи­те­ле, сакаме да видиме знак од Тебе!“ 39#16,4; 5 Мојс 32,5.20; Лк 11,29; Дела 2,40; Фил 2,15А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40#8,20; Јона 2,1зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. 41#Ез 3,6-7; Јона 3,5.8Ниневјаните ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се по­кајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има поголем од Јона. 42#12,6; 3 Цар 10,1-10.24; Јн 6,35И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу по­голем од Соломон.“
За нечистите духови
(Лк 11,24-26)
43 # 8,29; Ис 13,21-22 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; 44тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мојот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден. 45#Лк 8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој зол род.“
Вистинското семејство на Исус
(Мк 3,31-35; Лк 8,19-21)
46 # 3 Мојс 10,4; 5 Мојс 33,9; Јн 7,3.5 И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него. 47Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ 48#Лк 2,49-50Тој му одговори на оној што Му кажа и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“ 49И покажувајќи со рака на учени­ци­те Свои рече: „Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа! 50#7,21; 8,21-22; 10,37; Лк 11,27-28#12,50 Параболи се приказните што ги кажувал Исус, како појаснување на Своите поуки.Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“

Currently Selected:

Матеј 12: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy