YouVersion Logo
Search Icon

Лука 6

6
Исус и саботата
(Мт 12,1-8; Мк 2,23-28)
1 # 5 Мојс 23,25 Во втората сабота по Пасха се случи да мине низ посевите, учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа. 2#2 Мојс 20,10; 23,12; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е до­пуш­тено да се прави во сабота?“ 3#1 Цар 21,1-6Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога ог­ладне, тој и оние што беа со него? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите на предложението, што не е допуштено да ги јаде никој освен свеш­тениците, па јадеше, и им даде на оние што беа со него!“ 5И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“
Човекот со исушена рака
(Мт 12,9-21; Мк 3,1-6)
6 # 13,10-11; 14,1-2 Се случи и другата сабота да влезе во синагогата и да поучува; а таму има­ше еден човек, кому десната рака му беше исушена. 7Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат. 8#9,47; Мт 12,25; Јн 1,48Но Тој ги знаеше нивните помисли и му рече на човекот со исушената рака: „Подигни се и застани насреде!“ И тој се подигна и застана. 9Тогаш им рече Исус: „Ќе ве за­пра­шам: што е дозволено во сабота – да се прави добро или да се прави зло? Да се спаси една душа или да се погуби?“ А тие молчеа. 10Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата. 11#11,53А тие се исполнија со гнев и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
Исус одбира дванаесет апостоли
(Мт 10,1-4; Мк 3,7-19)
12 # 3,21; 5,16; 9,18; 11,1; Мт 14,23; Мк 6,46 Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога. 13#9,10; 11,49; 22,14; Јн 6,70А кога настана ден, ги повика уче­ниците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли: 14#1 Мојс 17,5.15; 32,29; 4 Цар 23,34; 24,17; Мт 4,21; 10,2-3; Јн 1,40-44Симон, кому што му даде име Пе­тар, и брат му Андреј, Јаков и Јован, Филип и Вартоломеј, 15#Мт 9,9; 10,3; Јн 20,24-28Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Си­мон, наречен Зилот#6,15 Ревнител. 16#Мт 10,3-4; Јн 14,22; Дела 1,13Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
Исус и народот
(Мт 4,24-25; Мк 3,7-11)
17 # Мк 3,8 Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа та­му и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско. 18Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа из­лечени. 19#5,17; 8,46; Мт 14,36; Мк 3,10; 5,30И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
За блажените
(Мт 5,1-12)
20 # 4,18; 10,21; 18,14; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 32,12; 33,19; 83,5; Изреки 8,32.34; Мт 3,2 А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Бла­же­ни се бедните по дух, зашто ваше е царството Божјо! 21#Ис 25,6-9; 49,10; 61,3; Ер 31,25; Пс 125,5-6; Откр 7,16-17Блажени сте вие, што сега гладува­те, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се сме­ете! 22#Мт 8,20; Мк 13,13; Јн 9,22; 16,2; 1 Птр 4,14 Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви на­несат срам, и ќе го разгласат името ва­ше како лошо, заради Синот Чо­вечки! 23#13,33-34; 2 Лет 36,16; Мт 21,35; 23,30-31Зарадувајте се во оној ден и заиграј­те, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нив­ните тат­ковци така постапуваа со пророците! 24#11,42-52; 16,25; Ис 5,8; Ер 17,5-6; Амос 6,1; Авак 2,6; Проп 10,16; Мт 11,21; Јк 5,1-5Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! 25Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете! 26#Јк 4,4Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нив­ните татковци така им правеа на лаж­ните пророци!
Љубов кон непријателите
(Мт 5,38-48)
27Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; 28#Рим 12,14благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! 29#Плач 3,30; Јн 18,22-23; Дела 23,3На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. 30Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! 31#Тов 4,16; Мт 7,12; Рим 13,8-10Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! 32И ако ги љубите оние што вас ве љу­бат, каква ви е благодарноста? Заш­то и грешниците ги љубат оние што нив ги љубат. 33И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците го прават истото. 34И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото. 35#3 Мојс 25,35-36; 5 Мојс 15,8Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете си­нови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.
Милосрдност кон ближниот
(Мт 5,48; 7,1-12; 15,14; 10,24-25; 7,3-5)
36 # 2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,31; Пс 77,38; 85,15 И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ 37#Мт 6,14; Мк 11,25; Рим 14,10„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено; 38#16,9; Рута 3,15; Мк 4,24давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви да­дат во пазувите ваши; зашто со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.“ 39#Мт 15,14; Рим 2,19И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зарем нема и обајцата да паднат во јама? 40#Мт 10,24-25; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. 41И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? 42Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја из­вадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Ли­цемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
Вистинскиот ученик
(Мт 7,16-21; 12,33-37)
43„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава до­бар плод. 44#Мт 7,16; 12,33; Јк 3,11-12Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. 45Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а ло­ши­от човек од лошата ризница на своето срце изнесува лошо, зашто него­ва­та ус­та го зборува она со што му е ис­полнето срцето.“
Две куќи
(Мт 7,21-27)
46 # Ис 29,13; Мал 1,6-7; Мт 7,21; Мк 7,6; Рим 2,13; Јк 1,22.25; 1 Јн 2,17 „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? 47Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. 48Тој прилега на човек кој градел ку­ќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка­мен. 49А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше големо.“

Currently Selected:

Лука 6: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy