YouVersion Logo
Search Icon

Лука 3

3
Проповедањето на Јован Крстител
(Мт 3,1-6; Мк 1,1-6; Јн 1,19-31)
1 # 23,1; Мт 14,1 Во петнаесеттата година од вла­деењето на царот Тибериј, кога Пон­тиј Пилат беше управител во Ју­де­ја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на по­краината Итуреја и Трахонитида, и Ли­саниј четворовласник на Авилинија, 2#1,80; Ер 1,2; Ос 1,1; Мт 3,1; Јн 11,49; 18,24.28; Дела 4,6 во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јо­ван, синот на Захарија, во пустината. 3#24,47; Мт 3,1.6; Мк 1,4; Дела 13,24И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крш­те­ва­ње за проштевање на гревовите, 4#Ис 40,3-5#Јн 1,23како што е напишано во кни­га­та на зборовите на пророкот Иса­ија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Подгответе го Гос­подо­виот пат и исправете ги патеките Не­го­ви; 5#1,52; 14,11секоја долина нека се исполни и се­која планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамни­те патишта нека се израмнат, 6#2,30-31; Дела 28,28; Тит 2,11и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“
Најавување на Судниот ден
(Мт 3,7-10)
7 # Мт 3,7; 23,33 А на луѓето што доаѓаа кај него да ги крсти, им велеше: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде? 8#Јн 8,33.39; Дела 26,20; Рим 4,16Но, направете плод достоен за по­кајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраам. 9#Мт 7,19; Јн 15,6; Евр 6,7-8Зашто веќе и секирата стои до ко­ре­нот на дрвјата; и секое дрво, што не да­ва добар плод, се сече и се фрла во оган.“
Плодовите на покајанието
10 # 10,25; Дела 2,37 И го прашаа луѓето, велејќи: „То­гаш што треба да правиме?“ 11#12,33; Ис 58,7А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ги подели со оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“ 12#7,29; Мт 5,46Дојдоа и цариници да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да направи­ме?“ 13А тој им рече: „Не барајте повеќе отколку што ви е одредено.“ 14Го прашаа и некои војници, гово­реј­ќи: „А што да правиме ние?“ И им рече: „Врз никого не извршувајте насилство, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“
Најавување на Месијата
(Мт 3,11-12; Мк 1,7-8)
15 # 2,11.26; 9,20; 22,67; 23,2.35.39; Јн 1,19-20; Дела 13,25 А бидејќи народот беше во исчеку­ва­ње, па сите помислуваа во срцата свои за Јован, да не е тој Христос, 16#Јн 1,26-27.33Јован им одговараше на сите, ве­леј­ќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде по­силен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ниту ремчињата на обув­ките Негови: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган. 17#Ис 5,24; 47,14; Ер 15,7; 51,2; Наум 1,10; Мт 13,30Нему му е лопатата во раката Не­гова и Тој ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Сво­ја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“ 18И опоменувајќи со уште многу други нешта, му ја објавуваше на на­ро­дот радосната вест.
Јован в затвор
(Мт 14,3-4; Мк 6,17-18)
19 # Мт 14,4; Мк 6,18 А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите злодела што ги беше направил Ирод, 20#Мт 14,3; Мк 6,17кон сето тоа додаде и уште едно: го затвори Јован во темница.
Исусовото крштевање
(Мт 3,13-17; Мк 1,9-11)
21 # 5,16; 6,12; 9,18.28-29; 11,1; 22,32.40-46; 23,34.46; Мт 14,23; Мк 6,46 А кога се крсти сиот народ, се крс­ти и Исус, и додека се молеше, се от­во­ри небото, 22#9,35; 1 Мојс 22,2; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17и Светиот Дух слезе на Него во те­лесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој велеше: „Ти си Мо­јот воз­љубен Син, во Кого е Мојата вол­ја.“
Исусовото родословие
(Мт 1,1-17)
23 # Мт 1,18; 13,55; Јн 6,42; 8,57 Кога почна Исус да проповеда има­ше околу триесет години и беше, како што мислеа, син Јосифов, Илиев, 24Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов, 25Мататиев, Амосов, Наумов, Ес­ли­мов, Нагеев, 26Маатов, Мататиев, Семеиев, Јо­си­фов, Јудин, 27#1 Лет 3,17; 1 Езд 3,2; Мт 1,12Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Салатиилов, Нириев, 28Мелхиев, Адиев, Косамов, Ел­мо­да­мов, Иров, 29Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Ма­та­тов, Левиев, 30Симеонов, Јудин, Јосифов, Јоана­нов, Елијакимов, 31#1 Цар 16,1.13; Мт 1,1#Рута 4,17-22; 1 Лет 2,3-15#2 Цар 5,14Мелеаев, Маинанов, Мататаев, На­танов, Давидов, 32Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов, 33#1 Мојс 29,35 Аминадавов, Арамов, Есромов, Фа­ресов, Јудин, 34#1 Мојс 25,19.26#1 Мојс 11,10-26; 1 Лет 1,24-27Јаковов, Исаков, Авраамов, Тарин, Нахоров, 35Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин, 36#1 Мојс 4,25–5,32; 1 Лет 1,1-4Каинанов, Арфаксадов, Симов, Но­ев, Ламехов, 37Матусалов, Енохов, Јаредов, Ма­ле­леилов, Каинанов, 38#Мт 14,33; Мк 1,1Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

Currently Selected:

Лука 3: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy