YouVersion Logo
Search Icon

Јован 19

19
Исусовите страдања
1 # Мт 20,19; 1 Кор 1,23 Тогаш Пилат Го зеде Исуса и Го предаде да го бијат. 2#Мт 27,29; Лк 23,11Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница, 3#18,22; Ис 50,6и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите. 4#18,38; Лк 23,4Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да раз­берете дека не наоѓам во Него никаква вина.“ 5#1,29.36Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец, и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!“ 6#18,31; 1 Кор 1,23А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам во Него вина.“ 7#5,18; 3 Мојс 24,16Јудејците му одговорија: „Ние има­ме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.“ 8Кога го чу Пилат овој збор, уште повеќе се исплаши. 9#9,29-30; Мт 26,62-63; 27,12.14; Мк 14,61; Лк 23,9И пак влезе во преторијата и Му рече на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор. 10Пилат Му рече: „Мене ли не ми од­говараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуш­там!?“ 11#3,27; 10,18; 18,30.35; Рим 13,1Исус одговори: „Ти не би имал ни­каква власт над Мене ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“ 12#Лк 23,2; Дела 17,7Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти. Но Јудејците пак викаа, збору­вај­ќи: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на царот. Секој што се прави цар, противник му е на царот.“ 13Штом го чу овој збор, Пилат Го изведе Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото наречено Литос­тро­тон, а по еврејски Гавата. 14#18,33-37; 19,31.42; 1 Кор 5,7Тогаш беше петок пред Пасха, око­лу шестиот час#19,14 Околу 12 часот.. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“ 15#Суд 8,23; 1 Цар 8,7Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одго­во­рија: „Ние немаме цар, освен це­за­рот.“ 16И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Лк 23,26-43)
17 # 1 Мојс 22,6 И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота; 18#Ис 53,12таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус. 19#18,33; Мт 2,23Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“ 20#Евр 13,12-13Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус беше близу до гра­дот; а беше напишано на еврејски, грч­ки и латински. 21Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Ју­дејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“ 22Пилат одговори: „Што напишав, на­пишав.“ 23#2 Мојс 28,32А војниците, кога Го распнаа Ису­са, ги зедоа алиштата Негови и ги раз­де­лија на четири дела, на секој војник по еден дел и хитонот. Хитонот, пак, не бе­ше шиен, туку исткаен одозгора па до­долу. 24#Пс 21,19Тогаш си рекоа: „Да не го раскинуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде“ – за да се збидне кажаното во Писмото: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Така и направија војниците. 25#2,3; 20,1.18; Мк 15,40-41; Лк 2,5Покрај крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалена. 26#2,4; 13,23; 20,2; 21,20А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого посебно го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!“ 27Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.
Исусовата смрт
(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Лк 23,44-49)
28 # 5,39; Пс 21,15 По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свр­шено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“ 29#2 Мојс 12,22; 3 Мојс 14,4; Пс 50,8; 68,22Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го за­ка­чија на трска и Му принесоа до устата Негова. 30#1,33; 17,1.4; Јов 19,26-27; Мт 20,22; Лк 12,50; 2 Тим 4,7; Откр 15,1А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот.
Крв и вода
31 # 19,14; 2 Мојс 12,16; 5 Мојс 21,22-23; Гал 3,13 Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат. 32Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него. 33А кога дојдоа до Исус и го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекр­шија колената; 34#3,5; 7,37-39; 1 Мојс 4,10; 1 Јн 5,6-8но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. 35#15,26-27; 21,24И тој што виде – посведочи, и све­доштвото му е вистинско; и знае дека ја кажува вистината, за да поверувате вие. 36#2 Мојс 12,46; 4 Мојс 9,12; Пс 33,21Бидејќи ова стана за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се прекрши.“ 37#Зах 12,10; Откр 1,7И друго Писмо пак вели: „Ќе погледнат на Оној Кого Го прободоа.“
Положувањето во гроб
(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Лк 23,50-56)
38 # 7,13 Потоа Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но тајно, поради страв од Јудеј­ците, го замоли Пилат да го симне те­лото и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово. 39#3,1; 7,50; Пс 44,8; Изреки 7,17; Мт 2,11А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. 40#Мк 14,8Го зедоа телото Исусово и го завит­каа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат. 41На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган. 42Таму Го положија Исус поради пе­токот јудејски, зашто гробот беше бли­зу.

Currently Selected:

Јован 19: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy