YouVersion Logo
Search Icon

3 Ездра 15

15
ДОДАТНИ ПРОРОШТВА
Секој што не верува ќе умре во своето неверие
1 # 4 Мојс 23,5 Говори така, та Мојот народ да ги чуе зборовите на пророш­тво­то, што ќе го вложам на твојата уста, вели Господ. 2#2 Јн 12; Откр 22,6и порачај тие да бидат напишани на хартија, зашто се верни вистини. 3Не плаши се дека против тебе ќе кројат замисли и да не те вознемирува неверието на оние што говорат против тебе, 4#Ез 3,19секој што не верува, ќе умре во своето неверие. 5#Ез 14,21Ете, јас ќе испратам, говори Господ, неволји на земјата: меч, глад, смрт и погибел. 6#1 Мојс 15,16; Мт 23,32зашто безбожноста на луѓето ја оскверни целата земја, нивните зли дела премногу се намножија. 7Затоа Господ рече: 8#Откр 6,10; 1 Мојс 4,10нема веќе да молчам за беззаконијата што тие безбожно ги прават, нема веќе да го трпам она што тие зло прават; ете, невината и праведна крв вика кон Мене, а и душите на праведниците непрестајно викаат кон Мене. 9Ќе им одмаздам, вели Господ, и ќе ја земам од нив секоја невина крв. 10#Пс 43,22; 4 Цар 25,26Ете, Мојот народ го водат како ста­до на колење; нема веќе да трпам тој да живее во Египет, 11#5 Мојс 4,34но со силна рака ќе го изведам и со крената мишка ќе го казнам Египет со поразија како порано и ќе ја опустошам целата негова земја. 12#16,1; Ис 19,1-15; Ез 32,2-16Ќе заплаче Египет, ќе заплачат не­говите основи, накажани со помор и од­мазда, што ќе му ги испрати Бог. 13#15,35.40; Откр 8,10Ќе заплачат земјоделците, што ја обработуваат земјата, зашто нивните семиња ќе бидат уништени од гламја и страшна ѕвезда. 14#Откр 8,13; 12,12Тешко му на светот и на оние што жи­веат во него, 15#13,31зашто се приближи мечот и нивното истребување; ќе се дигне народ против народ за војна и мечот е веќе во нивните раце, 16#15,33Луѓето ќе станат непостојани, едни со други ќе се победуваат, ќе почнат да не се грижат за својот цар, а начал­ни­ци­те за текот на работите, што се под нив­на власт. 17Ќе посака човек да појде в град, и не ќе може, 18зашто, поради нивната гордост, ќе востанат градовите, нивните куќи ќе бидат разурнати, а луѓето ќе бидат оп­фатени од страв. 19#5 Мојс 28,54.55Нема да се смилува човек над сво­и­те ближни, предавајќи ги нивните куќи на разурнување со оружје, разграбувај­ќи го нивниот имот поради глад и мно­гу­те тешкотии. 20#Зах 14,13Ете, Јас ги повикувам, говори Гос­под, сите земни цареви – од исток и југ, од север и Ливан, да се уплашат од Ме­не, да дојдат на себеси, за да ги казнам за она што тие им правеа на другите. 21#Пс 78,12Како што постапуваат тие со Мои­те избраници, така и Јас ќе постапам со нив; ќе им го вратам тоа во нивна пазува, вели Господ Бог. 22#15,8Десницата Моја нема да ги поштеди греш­ниците и мечот Мој нема да прес­тане да ги убива оние што пролеваат не­вина крв. 23#16,9; 5 Мојс 32,22Ќе излезе оган од неговиот гнев и ќе ги уништи основите на земјата, и грешниците – како запалена слама. 24Тешко им на грешниците и на оние што не ги исполнуваат Моите заповеди, вели Господ. 25Нема да ги поштедам. Бегајте од Мене синови отстапници, не осквернувајте ја Мојата светиња.
Застрашувачко видение
26Господ ги знае сите што грешат против Него; затоа ги предаде на смрт и на убивање. 27На земјината топка веќе започнаа маките; вие во нив ќе останете. Бог не­ма да ве избави, зашто згрешивте пред Него. 28Еве, страшно видение, а неговото лице е од Исток. 29#Ис 30,6Ќе излезат рожби на арабиските змии врз многу бојни коли, брзи како ветар, што ќе се прошират по земјата; ќе внесат страв и трепет кај сите што ќе чујат за нив. 30#Пс 79,13Ќе излезат како диви свињи од Кармонската Гора, разбеснети во својата жестина; тие ќе дојдат со голема си­ла и ќе стапат во борба со нив. 31Потоа змиите, спомнувајќи си за своето потекло и имајќи голема сила, ќе победат и ќе се свртат да ги гонат оние. 32Тие ќе се збркаат, ќе молкнат пред нивната сила и ќе ги свртат нозете свои во бегство. 33#15,16Но сокриениот во заседа од страна на Асиријците ќе ги заобиколи и ќе убие еден од нив; во нивната војска ќе се појави страв и трепет, како и негодување против нивните цареви. 34#15,40Еве облаци од исток и од север до југ; видот им е многу страшен, полн со жестокост и бура. 35#15,13; Откр 14,20Тие ќе се судрат едни со други и многу ѕвезди ќе паднат на земјата; ќе падне и нивната ѕвезда, а од меч ќе биде пролеана крв дури до утробата, 36и гној човечки ќе достигне дури до седлото на камилата; страв и голем тре­пет ќе има по земјата. 37Ужас ќе ги опфати сите, што ќе го видат тој гнев, и ќе затреперат. 38#Дан 7,2Потоа многупати ќе се издигнуваат бури од југ и од север, а понекогаш и од запад. 39#15,13; Откр 8,11; 9,1Силни ветрови ќе се кренат од ис­ток и ќе го откријат и облакот, што го подигнав Јас во Својот гнев; а ѕвездата, што е одредена да внесува страв кога дува источен и западен ветар, ќе се по­вреди. 40#15,34; 15,13.35; 15,13И ќе се подигнат облаци, големи и силни, полни со свирепост, ќе се по­диг­не и ѕвезда, за да ја уплаши земјата и нејзините жители, па ќе ја излијат таа страшна ѕвезда на секое високо и воз­вишено место; 41оган и град, мечеви што летаат и многу води, за да ги наполнат сите по­лиња и сите извори со множество води; 42ќе ги покријат со вода и градот и ѕидините, горите и ридовите, дрвјата во горите, тревата во ливадите и нивните житни растенија; 43#Откр 18,2; 3 Езд 15,60и ќе поминат, а да не се сопираат, до Вавилон и ќе го уништат; 44#Откр 19,3; Откр 18,9ќе се соберат кај него и ќе го опседнат; против него ќе ја излеат ѕвездата и сета јарост врз него. И ќе се крене прав и дим до самото небо, и сите наоколу ќе го оплакуваат. 45А оние што ќе останат подвластени под него, ќе им служат на оние што внесоа страв.
Азија е покорена
46 # 16,1; 1 Мак 8,6; Откр 17,4 И ти, Азијо, соучесничко во надежта и славата на Вавилон, 47#Откр 17,2тешко ти и горко ти што си станала слична на него, што си ги украсувала своите ќерки со блуд, за да им се до­па­ѓаат на своите љубени и да бидат славни пред нив, на оние кои отсекогаш сакале да вршат блуд со тебе. 48Ти се угледа на замразениот во сите негови дела и преземања. 49#Откр 18,7.8Затоа, вели Господ, ќе испратам врз тебе зла: вдовство, сиромаштија и глад, меч и рана, за да бидат опустошени тво­ите куќи со насилство и смрт. 50#Јк 1,11Славата на твојата сила ќе се исуши како цвет – кога ќе настане жега, ис­пра­тена врз тебе. 51Ќе изнемогнеш како просјачка, бие­на и покриена со рани од другите жени, за да не можат да те примат големи лу­ѓе и миленици. 52#Наум 1,2Сакав ли да те мразам така, вели Господ, 53#Откр 17,6ако ти не беше ги убивала Моите избрани во секое време, кревајќи раце да ги убиваш и лажно жалеше над нивната смрт тогаш кога беше пијана. 54#16,50; Ер 4,30Украсувај го твоето лице; 55#Мих 1,7наградата за твојот блуд е во твојата пазува; затоа ти ќе добиеш казна. 56Како што постапуваше со Моите избраници, вели Господ, така со тебе ќе постапи Бог; 57твоите деца од глад ќе загинат, ти ќе паднеш од меч, твоите градови ќе би­дат уништени и сите твои ќе паднат од меч на бојното поле, 58#Ис 9,20; 49,26; 5 Мојс 28,53а оние што се по горите ќе загинат од глад и ќе јадат од своите меса поради недостиг на леб и ќе пијат крв поради немање вода. 59Во својата немоќ ќе појдеш по мо­ри­њата, но и таму ќе сретнеш неволји. 60#Откр 18,7; 3 Езд 15,43Додека ти ќе талкаш по туѓите зем­ји, тие ќе навлезат во твојот опустошен град и ќе уништат еден дел од твојата земја, ќе уништат и еден дел од твојата слава. 61#Ис 47,14; 16,6Разурната, ти ќе бидеш за нив сла­ма, а тие за тебе ќе ти бидат оган; 62тие ќе те уништат тебе, и твоите градови, и твојата земја, и твоите гори, и сите твои шуми и плодните дрвја со оган ќе ги изгорат; 63синовите твои во ропство ќе ги од­ведат, имотот твој ќе ти го ограбат и славата твоја ќе ја уништат.

Currently Selected:

3 Ездра 15: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy