YouVersion Logo
Search Icon

2 Коринтјаните 5

5
1 # Ис 38,12; Јов 4,19; Мудр 9,15; 2 Птр 1,13 Знаеме дека, кога земното жи­веалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата. 2#Рим 8,23; 1 Кор 15,53Зашто во него воздивнуваме, копне­ејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште; 3#1 Кор 15,53; 1 Сол 4,15само, да се најдеме облечени, а не голи. 4Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното. 5#1,22; Рим 8,23А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот. 6#1 Птр 1,1И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, 7#Рим 8,24; 1 Кор 13,12; Евр 11,13бидејќи според верата живееме, а не според гледањето. 8#Фил 1,21-23Но не се плашиме и сакаме што пос­коро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. 9Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме; 10#Мт 25,19.31; Јн 5,27; Рим 14,10; 1 Кор 3,11-15; Ефес 6,8; Евр 11,6зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го из­вр­шил во телото свое, било добро или зло.
Измирување со Бога преку Христос
11 # 1,13; 4,2 Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести. 12#3,1Не се фалиме, пак, пред вас, туку ви даваме повод, вие да се фалите со нас, та да има, што да им речете на оние кои се фалат по лице, а не по срце. 13Ако сме надвор од себе, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е поради вас. 14#Рим 5,18; 6,4-11; Гал 2,20Бидејќи љубовта Христова нѐ гони да го мислиме ова: кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени. 15#Рим 6,11; 14,7-8А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна. 16#Рим 1,3; 7,5; 9,5Затоа ние отсега никого не позна­ва­ме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков. 17#Ис 43,18-19; Гал 6,15И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото. 18#Рим 5,10А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го даде слу­же­њето на тоа измирување. 19#Кол 1,20Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. 20#Ефес 6,20Па така, ние сме Христови пра­те­ници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога! 21#Ис 53,5-12; Рим 1,17; 8,3; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9; 1 Птр 2,24; 1 Јн 3,5Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy