Псалми 89
89
ЧЕТВРТА КНИГА
ПСАЛМ 89
Бог е вечен, човекот е времен
1Молитва на Мојсеј, човекот Божји.
Господи, Ти си ни бил прибежиште
од поколение во поколение.
2 #
92,2; 1 Мојс 1,1; Авак 1,12; Изреки 8,25 Уште пред да постанат горите
и земјата и вселената да бидат создадени,
одвека и довека Ти си.
3 #
1 Мојс 3,19
Не враќај го човекот во понижување;
па рече: „Обратете се, синови човечки“.
4 #
2 Птр 3,8
Зашто илјада години пред очите Твои, Господи,
се како денот вчерашен што измина
и како стража во ноќта.
5 #
36,2; 102,15-16; Ис 40,6-7; Јов 14,1-2; 19,7 Ништожни ќе бидат годините нивни.
Наутро како тревата ќе мине,
6наутро ќе прецути и ќе мине,
навечер ќе отпадне, ќе се стврдне и ќе се исуши.
7Зашто во гневот Твој премревме
и во јароста Твоја се ужаснавме.
8Ти ги постави беззаконијата наши пред Себе;
векот наш во светлината на лицето Твое.
9Зашто сите денови наши исчезнаа
и во Твојот гнев премревме;
годините наши станаа како пајажина.
10 #
1 Мојс 6,3; Проп 10,2-7; 11,1-6; 12,1-7; Сир 18,8-9 Деновите на годините наши, сами по себе, достигаат седумдесет години,
а ако сме крепки и до осумдесет,
и повеќето од нив се мака и болка.
Зашто до нас допре кроткоста,
та ќе се поучиме.
11Кој ја познава моќта на гневот Твој
и кој ќе ја измери јароста Твоја поради стравот од Тебе?
12Па така, направи ми ја позната десницата Твоја
и оние што срцето го поучиле во мудрост.
13Обѕрни се, Господи, до кога вака?
И биди им утеха на слугите Свои.
14 #
16,15
Се исполнивме наутро со милоста Твоја, Господи,
и се зарадувавме и се развеселивме во сите денови наши;
15 #
4 Мојс 14,34
се развеселивме за деновите во кои нѐ понизи,
за годините во кои видовме зло.
16Па погледни на слугите Твои, и на делата Твои
и води ги синовите нивни;
17и да биде светлината на нашиот Господ Бог врз нас,
и делата на нашите раце исправи ги врз нас
и делото на нашите раце исправи го.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 89: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024