Псалми 88
88
ПСАЛМ 88
Утеха за Давидовиот дом во дадениот завет од Бога
1За поука, на Етан Израилецот.
2Твоите милости, Господи, ќе ги воспевам довека,
од поколение во поколение ќе ја објавувам вистината Твоја со устата моја.
3Зашто рече: „Милоста ќе се изгради за навек,
на небесата ќе се подготви вистината Твоја“.
4 #
2 Цар 7,12-16; 22,5; Дела 2,30 Со завет им се зареков на избраниците Мои,
му се заколнав на Давид, слугата Мој:
5„Потомството твое ќе го подготвам за навек
и престолот твој од поколение во поколение ќе го подигнам“.
6Небесата ќе ги слават чудесата Твои, Господи,
и вистината Твоја во собранието на светите.
7 #
28,1; 81,1; Јов 1,6 Зашто, кој во облаците ќе се поистовети со Господ
и кој ќе Му се уподоби на Господа меѓу синовите Божји?
8Прославен е Бог во соборот на светите,
велик е и страшен над сите околу Него.
9 #
85,8
Господи, Боже на силите, кој е подобен на Тебе?
Моќен си, Господи,
и вистината Твоја Те опкружува.
10 #
64,7; Јов 7,12 Ти владееш над силата морска,
а разбеснетоста на неговите бранови Ти ја скротуваш.
11Ти го смири гордиот како ранет,
со Својата моќна мишка ги распрсна непријателите Свои.
12 #
23,1-2
Твои се небесата и Твоја е земјата;
Ти ја основа вселената и сѐ што ја исполнува.
13Северецот и морето Ти ги создаде,
Тавор и Ермон на името Твое ќе му се радуваат.
14Твојата мишка е силна;
нека се зацврсти раката Твоја,
нека се возвиси десницата Твоја.
15 #
84,10; 96,2; 2 Мојс 34,6-7 Правдата и судот се темел на престолот Твој,
милоста и вистината ќе одат пред лицето Твое.
16 #
46,1
Блажен е народот што знае да воскликнува;
Господи, во светлината на лицето Твое тој ќе оди,
17и за името Твое ќе се радува по цел ден
и со правдата Твоја ќе се возвиси.
18Зашто Ти си пофалба на силата нивна
и со благоволението Твое ќе биде издигнат рогот на нашата моќ.
19 #
46,9; Ис 6,3 Зашто заштитата е од Господа
и од Светецот Израилев, нашиот Цар.
20 #
131,11-12; 2 Цар 7,8-16 Тогаш им зборуваше во видение на синовите Свои и им рече:
Излеав помош врз силниот,
го возвисив избраниот од народот Мој.
21 #
77,70; 1 Цар 16; Дела 13,22 Го најдов Давид, слугата Свој,
со Своето свето масло го помазав.
22 #
Ис 42,1
Зашто раката Моја ќе го поткрепи
и мишката Моја ќе го засили;
23непријателот нема да има корист од него
и синот на беззаконието нема повеќе да му нанесува зло;
24и ќе ги пресечам непријателите негови пред лицето негово
и оние што го мразат, ќе ги изгонам.
25И вистината Моја и милоста Моја се со него
и со името Мое ќе се возвиси рогот на моќта негова.
26Неговата рака ќе ја поставам во морето
и десницата негова во реките.
27 #
2,7; 2 Цар 7,14; Ер 3,19; Јн 20,17 Тој ќе Ме повикува: „Отец мој си Ти,
Бог мој и заштитник на спасението мое“.
28 #
Кол 1,15-18; Откр 1,5 И Јас за првороден ќе го поставам,
повозвишен од царевите земни.
29 #
Ис 55,3
Довека ќе ја чувам за него милоста Моја
и нему ќе му биде верен заветот Мој;
30и ќе го одржам во вечни векови потомството негово
и престолот негов како деновите на небото.
31Ако, пак, синовите негови го напуштат законот Мој
и не одат според судовите Мои,
32ако повелбите Мои ги осквернат
и заповедите Мои не ги сочуваат,
33 #
2 Цар 7,14
со стап ќе ги посетам беззаконијата нивни
и со камшик неправдите нивни;
34но милоста Моја нема да ја отсранам од нив,
ниту ќе ги онеправдам во вистината Моја,
35 #
Ер 33,20-21
ниту ќе го осквернам заветот Мој
и изговореното од устата Моја нема да го порекнам.
36 #
109,4
Еднаш се заколнав во светоста Моја,
зар Давида ќе го лажам?
37Потомството негово ќе опстои довека,
и престолот негов како сонце пред Мене
38 #
71,5.7; Откр 1,5 и како месечина за навек поставена;
и верен е Сведокот на небото.
39А Ти го оттурна и го презре,
го отфрли помазаникот Свој;
40го раскина заветот на слугата Твој,
ја фрли на земја светињата негова.
41 #
79,12-13
Ги урна сите огради негови,
го постави стравот за негово утврдување;
42 #
30,11; 43,13; 78,4; 108,25 го ограбија сите што минуваа по патот,
стана прекор за соседите свои.
43Ја возвиси десницата на угнетувачите негови,
ги зарадува сите непријатели негови.
44Ја одврати помошта на мечот негов
и во војната не го заштити.
45Го лиши од неговото очистување,
неговиот престол го срамни со земјата.
46Ги скрати деновите на времето негово,
срам излеа врз него.
47 #
78,5
До кога, Господи, целосно ќе се одвраќаш
и гневот Твој ќе се распалува како оган?
48 #
38,4
Спомни си кој е мојот состав,
зар залудно ги создаде сите синови човечки?
49 #
89,3-4
Кој е човекот што ќе живее и нема да види смрт?
Кој ќе ја избави душата негова од раката на адот?
50Каде се милостите Твои од дамнина, Господи,
за кои му се заколна на Давид во вистината Твоја?
51Спомни си, Господи, за прекорот врз слугите Твои,
што во своите пазуви го носам од многу народи,
52 #
105,48; Лк 1,68 со кој прекоруваа непријателите Твои, Господи,
со кој го прекоруваа откупот на Твојот помазаник.
53Благословен е Господ довека.
Така нека биде. Амин!
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 88: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024