Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 68

68
ПСАЛМ 68
Слугата Господов е во голема неволја
1 # 44,1 За крајот. За она што ќе биде изменето; на Давид.
2 # 17,4; Јона 2,6 Спаси ме, Боже,
зашто водите стигнаа до душата моја.
3Во длабока кал западнав и нема дно;
дојдов во длабочините морски и бура ме потопи.
4 # 118,82.123 Се изморив викајќи, засипна грлото мое,
очите ми попуштија од надежта моја кон мојот Бог.
5 # 39,12; 34,19; Јн 15,25 Се намножија повеќе од влакната на главата моја
оние што без причина ме мразат;
се засилија непријателите мои,
оние што неправедно ме гонат;
го плаќав она што не го грабнав.
6Боже, Ти го позна безумието мое
и прегрешенијата мои од Тебе не се сокрија.
7Нека не се посрамат поради мене
оние што трпеливо Те чекаат Тебе, Господи, Господи на силите;
ниту поради мене да се посрамат
оние што Те бараат, Боже Израилев.
8 # Ер 15,15 Зашто заради Тебе поднесував прекор,
срам го покри лицето мое.
9 # Јов 19,13-15 Туѓинец станав за браќата мои
и странец за синовите на мајката моја.
10 # 118,139; Јн 2,17; Рим 15,3 Зашто ревноста за домот Твој ме изеде
и прекорите на оние што Те прекоруваа паднаа врз мене.
11 # 108,24-25 И со пост ја обвив душата моја
и тоа стана прекор за мене.
12И зедов вреќа за своја облека
и ним им станав за приказ.
13Против мене мрмореа оние што седат на портите
и за мене пееја пијаниците.
14 # 31,6; 101,13; Ис 49,8 А јас со молитвата своја итам кон Тебе, Господи;
време е на благоволението, Боже, во мноштвото на милоста Твоја;
услиши ме во вистината на спасението Твое.
15Спаси ме од калта, за да не заглавам;
да се избавам од оние што ме мразат
и од длабочината на водите.
16Да не ме потопи бурата водна,
ниту да ме проголта бездната,
ниту бунарот да ја затвори над мене устата своја.
17 # 108,21 Услиши ме, Господи, зашто добра е милоста Твоја;
според големото милосрдие Твое погледни на мене.
18 # 101,2; 142,7 Не одвраќај го лицето Твое од слугата Твој,
зашто сум нажален, брзо услиши ме.
19Погледни на душата моја и избави ја;
заради непријателите мои избави ме.
20Зашто Ти ги знаеш прекорот мој, и срамот мој и понизноста моја;
пред Тебе се сите угнетувачи мои.
21 # Јов 6,14-15; Плач 1,2; Мт 26,40; Јн 16,32 Душата моја очекуваше прекор и мака;
и чекав некој што ќе се сожали, но немаше,
и утешители, но не најдов.
22 # Мт 27,34.48 И ми дадоа за храна жолчка
и во жедта моја ме напоија со оцет.
23 # Рим 11,9-10 Трпезата нивна нека им стане замка пред нив,
и отплата и соблазна.
24Да се помрачат очите нивни за да не гледаат
и плеќите нивни засекогаш свиткај ги;
25излеј го врз нив гневот Свој
и јароста на гневот Твој да ги стигне.
26 # Дела 1,20 Нивниот двор да стане пуст
и во живеалиштата нивни никој да не живее.
27 # 70,11; Ис 53,4 Зашто оној што Ти го рани, тие го прогонуваа,
и на болката од раните мои, болка додадоа.
28Придај беззаконие на беззаконието нивно
и да не влезат во правдата Твоја.
29 # 2 Мојс 32,32; Ис 4,3; Дан 12,1; Фил 4,3; Откр 3,5 Да бидат избришани од книгата на живите
и со праведните да не се запишат.
30Сиромав и страдален сум јас;
спасението Твое, Боже, да ме прифати.
31 # 21,25-26 Ќе го фалам името на мојот Бог со песна,
ќе Го величам со пофалба;
32и тоа ќе Му се допадне на Бога повеќе од млад јунец,
на кого му растат рогови и копита.
33 # 21,26; 33,2; 69,4 Нека видат сиромасите и нека се зарадуваат;
барајте Го Бога и ќе живее душата ваша.
34 # 139,12 Зашто Господ ги услиша бедните
и затворениците Свои не ги понизи.
35Нека Го фалат небесата и земјата,
морето и сѐ што се движи во нив.
36 # 101,16.28; Ис 44,26; Ез 36,10; 5,11; Ис 65,9 Зашто Бог ќе го спаси Сион
и ќе се изградат градовите во Јудеја.
И таму ќе се насели
и ќе ја наследи;
37и потомството на слугите Твои ќе ја владее
и оние што го љубат името Твое ќе се населат во неа.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 68: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia