Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 67

67
ПСАЛМ 67
Благодарност кон Бога за победата
1За крајот. Псалм на песната, на Давид.
2 # 4 Мојс 10,35; Ис 33,3 Да воскресне Бог и да се распрснат непријателите Негови
и да бегаат од лицето Негово сите што Го мразат.
3Како што исчезнува чадот, да исчезнат;
како што се топи восокот од лицето на огнот,
така да загинат грешниците од лицето Божјо.
4 # 31,11 А праведниците да се развеселат,
да се зарадуваат пред Бога,
да се насладат во веселие.
5 # 17,10; 2 Мојс 15,21; 5 Мојс 33,26; Ис 19,1 Пејте Му на Бога, воспевајте го името Негово;
направете Му пат на Оној што оди кон запад,
Господ Му е името, и зарадувајте се пред Него.
Ќе се потресат сите
од лицето Негово,
6 # 145,9; 2 Мојс 22,22-23; Посл 1,37 од Отецот на сираците
и од Судијата на вдовиците.
Бог е во светото место Свое.
7Бог ги населува осамените во дом,
ги изведува окованите во јунаштво,
како и оние што огорчуваат,
што живеат во гробовите.
8 # 5 Мојс 33,2; Суд 5,4-5; Авак 3,3-4 Боже, кога Ти излегуваше пред народот Твој,
кога Ти поминуваше низ пустината,
9земјата се потресе зашто и небесата дадоа дожд од лицето на Бога Синајскиот,
од лицето на Израилевиот Бог.
10 # 77,24-25; 2 Мојс 16 Доброволно ќе му определиш дожд, Боже, на наследството Твое;
и тоа ослабе, а Ти го утврди.
11Животните Твои живеат во него;
во добрината Своја, Боже, го подготви за сиромавиот.
12Господ ќе им даде збор
на оние што благовестат со голема сила.
13 # 47,4-5; Суд 5,19.22 Царот над војските на возљубениот,
во убавината на домот ќе го подели пленот.
14 # Суд 5,16 Ако почивате среде наследството,
посребрени крилја од гулабица ќе ви се дадат
и плеќите од неа со жолто злато.
15Кога Наднебесниот ги распоредува царевите по неа,
тие ќе обелат како снегот во Селмон.
16Божјата гора е гора на изобилство,
гора засирена, гора богата.
17 # 77,68; Ез 43,7 Зошто завидувате, гори засирени –
планино на која Бог благоволи да живее?
Господ ќе живее на неа до крајот.
18 # Ис.Н. 5,13-15; 4 Цар 6,17; 7,5 Колесницата Божја десетилјадна, со илјадници што преуспеваат,
Господ е меѓу нив на Синај, во светињата.
19 # 46,5; Ефес 4,8-10 Ти се искачи на висина, заплени плен,
прими дарови меѓу луѓето
и од непокорните за да се населат.
Господ Бог е благословен,
20 # 62,8; 5 Мојс 32,11; Ис 46,3-4 благословен е Господ од ден на ден;
Бог на нашите спасенија ќе ни помогне на патот.
21Нашиот Бог е Бог што спасува;
и на Господовиот Господ се вратите на смртта.
22Но Бог ќе ги скрши главите на непријателите Негови,
врвот на темето на оние што одат во престапите свои.
23Рече Господ: „Од Васан ќе ги вратам назад,
ќе ги вратам во длабочините морски;
24 # 3 Цар 21,19; 22,37; 4 Цар 9,36 та да се натопи ногата твоја со крв,
јазикот на кучињата твои од крвта на непријателите твои“.
25Видени беа пристигнувањата Твои, Боже,
пристигнувањата на мојот Бог и Цар во светињата.
26Претходеа кнезови со пејачи,
среде девојки со тимпани.
27 # 79,1-2; 5 Мојс 33,28; Ис 9,1; Ер 2,13; 16,13 Во собранието благословувајте Го Бога,
Господа од изворите Израилеви!
28Таму е Венијамин, најмладиот, во занес,
кнезовите Јудини, водачите нивни,
кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови.
29Заповедај, Боже, со силата Своја;
засили го, Боже, ова што го направи меѓу нас.
30Заради храмот Твој во Ерусалим,
Тебе царевите ќе ти донесат дарови.
31 # Ез 29,2-3 Закани им се на ѕверовите од трската,
на стадото бикови меѓу јуниците народни,
да не ги затворат испитаните како сребро;
распрсни ги народите кои сакаат војни.
32 # Ис 18,7; 44,13 Ќе дојдат пратеници од Египет,
Етиопија ќе ја подаде раката своја кон Бога.
33Царства земни пејте Му на Бога,
воспевајте Го Господа.
34 # 17,10; 67,4; 5 Мојс 33,26 Воспевајте Го Бога, Кој седна на небесното небо кон истокот;
ете, ќе му даде на гласот Свој, глас силен.
35 # 27,8; 28,11 Дајте Му слава на Бога;
на Израилот е велелепието Негово
и силата Негова во облаците.
36Чудесен е Бог во светиите Свои, Бог Израилев,
Тој ќе му даде сила и утврдување на народот Свој.
Благословен е Бог!

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 67: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia