Псалми 65
65
ПСАЛМ 65
Благодарствена песна на народот за Божјите славни дела
1 #
95,1; 96,1; 97,4; 99,1 За крајот, псалмова песна за воскресението.
Воскликни кон Бога, цела земјо!
2 #
Ефес 1,12.14 Воспејте го името Негово,
дајте слава на пофалбата Негова.
3 #
17,44; 80,15 Речете Му на Бога: „Колку се страшни делата Твои!
Во мноштвото на силата Твоја ќе Те мамат непријателите Твои.
4Целата земја нека Ти се поклони и нека Те воспева,
нека му пее на името Твое“.
5 #
45,8
Дојдете и видете ги делата Божји;
во соборите е пострашен од синовите човечки.
6 #
113,3; 2 Мојс 14,21-22; Ис.Н. 3,16-17; Ис 44,27; 49,2 Тој, Кој го претвора морето во суво;
ќе преминат река со нога.
Таму ќе Му се зарадуваме Нему,
7на Оној што со силата Своја господари над векот;
очите Негови ги надгледуваат народите;
оние што Го огорчуваат нека не се величаат во себе.
8Благословете го, народи, нашиот Бог
и нека се чуе гласот на пофалбата Негова,
9 #
120,3
на Оној Кој ја внедри душата моја во живот
и Кој не допушти нозете мои да се поместат.
10 #
25,2; Ис 48,10 Зашто нѐ искуша, Боже;
нѐ очисти низ оган како што се претопува сребро;
11 #
50,19
нѐ воведе во замка,
стави неволи на плеќите наши.
12 #
31,6; 80,7; Ис 43,2 Натовари луѓе врз главите наши,
поминавме низ оган и вода
и нѐ изведе за да здивнеме.
13 #
21,25
Ќе влезам во домот Твој со сепаленици;
ќе Ти ги воздадам заветите мои,
14 #
21,25
кои ги искажаа усните мои,
и ги изговори устата моја во неволјата моја.
15 #
50,19
Сепаленици обилни ќе Ти принесам, со темјан и овни;
ќе Ти принесам волови и јариња.
16 #
9,1
Дојдете, чујте, сите што се боите од Бога,
и ќе ви раскажам за тоа што ѝ го направи на душата моја.
17Кон Него повикав со устата моја,
и Го возвеличив со јазикот мој.
18 #
Јн 9,31
Ако видов неправда во срцето мое,
нека не ме услиши Господ.
19 #
16,1
Заради тоа ме услиша Бог,
го слушна гласот на молењето мое.
20Благословен е Бог Кој не ја отфрли молитвата моја,
ниту милоста Своја од мене.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 65: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024