Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 64

64
ПСАЛМ 64
Прославување на Создателот
1За крајот. Псалм на Давид, песна;
од Еремија и Езекил, од раселениот народ, кога требаше да заминат.
2Тебе Ти прилега песна во Сион, Боже,
и Тебе ќе Ти се воздаде молитва во Ерусалим.
3 # Ис 66,23 Услиши ја молитвата моја;
кон Тебе ќе дојде секое тело.
4 # 31,1; 77,38 Зборовите на беззакониците надвладеаја над нас
и безбожноста наша Ти ќе ја очистиш.
5Блажен е оној што си го избрал и примил,
тој ќе се насели во дворовите Твои.
Ќе се исполниме со добрата на домот Твој;
свет е храмот Твој, чудесен во правдата.
6 # Ис 66,19 Услиши нѐ, Боже, Спасителу наш,
надеж на сите краишта земни
и на оние далеку во морето;
7 # 23,2; 118,90; Јов 38,6-7 Ти, Кој ги подготвуваш горите со моќта Своја,
Кој си препашан со сила,
8 # 88,9; 106,29; Ис 17,12; Јов 26,12; Мт 8,26 Кој ја потресуваш морската длабочина,
гласовите на брановите негови.
Ќе се збунат народите
9и од чудесата Твои ќе се уплашат
сите што ги населуваат краиштата;
излегувањата на утрото и вечерта ќе ги украсиш.
10 # 45,4; 3 Мојс 26,3-4; Ис 30,23.25; Ос 2,8; Јоил 2,22-23 Ја посети земјата и ја напои,
ги умножи нејзините богатства.
Реката Божја се исполни со води;
Ти подготви храна за нив,
зашто таква е подготовката.
11 # Ис 30,23 Браздите нејзини напој ги,
умножи го родот нејзин;
во своите капки ќе се зарадува растејќи.
12 # Амос 9,13 Ќе го благословиш венецот на годината со благоста Твоја
и полињата Твои ќе се исполнат со изобилство;
13 # 95,12; 65,1; Ис 44,23 ќе се збогатат со убавина пустините
и ридовите со веселие ќе се препашаат.
14Се облекоа овните во стадата како овци
и долините ќе го умножат житото;
ќе воскликнуваат и химни ќе пеат.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 64: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia