Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Римјаните 5

5
Во мир со Бог
1 # 3,24.28; Ис 53,5 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, 2#Ефес 2,14-18преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која сто­име, и се фалиме во надеж на Божјата слава. 3#Јк 1,2-4; 1 Птр 1,5-7; 4,13-14; Откр 1,9Но не само тоа, туку се фалиме и во маките, знаејќи дека маката ра­ѓа трпение; 4трпението, пак – искуство, а искуството – надеж. 5#Пс 21,4; 24,3.20; 1 Јн 4,13Надежта пак, не посрамотува, заш­то Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух Кој ни е даден 6#8,32; Јн 3,16-17; Ефес 5,2; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 3,4-7; 1 Птр 3,18; 1 Јн 3,16; 4,10Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. 7Навистина, тешко некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. 8Но Бог ја докажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. 9#1,18; 1 Сол 1,10И уште повеќе сега, кога веќе сме оправдани со Неговата крв, преку Него ќе се спасиме од гневот. 10#2 Кор 5,18-19; Ефес 2,16; Кол 1,20-22Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле. 11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого сега добивме помирување.
Адам и Христос
12 # 6,23; 1 Мојс 2,17; 3,6.19; Мудр 2,24; 1 Кор 15,21-22.45; Јк 1,15 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, така и смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија. 13#4,15Зашто гревот беше во светот уште пред За­конот, но, кога нема закон, гревот не се смета. 14#1 Кор 15,21-22.45А сепак смртта царуваше од Адам до Мојсеј и над оние што не погрешија со прегрешение слично како она на Адам, којшто е праобраз на Оној што требаше да дојде. 15#Мт 20,28; Дела 15,11Но, со благодатниот дар не е како со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина. 16#8,1И она што произлегува од дарот не е како она што стана преку едниот што погрешил, зашто судот заради едниот стана осудување, благодатниот дар, пак, заради многуте прегрешенија стана оправдување. 17#2 Тим 2,12; Откр 20,4-6Зашто, ако со прегрешението на еден смртта царуваше преку едниот, дотолку повеќе оние што го примаат изобилието на благодатта и да­рот на праведноста, ќе царуваат во жи­вотот преку еден – Исус Христос. 18#1 Кор 15,22И така, како што преку прегрешението на еден дојде осудата врз сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. 19#Ис 53,11; Фил 2,8; Евр 5,8Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. 20#7,7-8; Гал 3,19; 1 Тим 1,14Законот, пак, дојде за да се намножи престапувањето; а таму каде што се намножи гревот, преизобилно се излеа благодатта, 21#6,22-23та, како што гревот царуваше со смртта, така и благодатта да царува преку праведноста за вечен живот преку Исус Христос, нашиот Господ.

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia

Video ya Римјаните 5