Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

1 Петар 4

4
Обновениот живот
1 # 2,21; 3,18; Рим 6,2.7 И така, бидејќи Христос пострада за нас во тело, и вие вооружете се со истата мисла; зашто оној што пос­традал во тело, тој прекинал со гревот, 2#2,11; Рим 7,14; 1 Јн 2,16-17та преостанатото време на животот во тело да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја. 3#1,14; Рим 1,29; Ефес 2,1-3; 4,17-18; Тит 3,3Зашто доволно е што изминатото време од животот ја извршувавте волјата на незнабошците, одејќи во разврат, похоти, пијан­ство, гозби, опивања и нечестиви идолослуженија. 4Затоа ве хулат, чудејќи се што заедно со нив не итате во тој краен разврат; 5#Дела 10,42; 2 Тим 4,1тие ќе одговараат пред Оној Кој е подготвен да им суди на живите и на мрт­вите. 6#3,19; Рим 1,9; 2 Кор 5,5Зашто и на мртвите им беше благовестено, та да им биде судено како на луѓе во тело, а да живеат по Бога во духот.
Бодрост во христијанската заедница
7 # 1,5-7; 4,17; Рим 13,11.12; 2 Кор 6,2 Но, се приближи крајот на сѐ, па бидете целомудрени и трезвени во молитвите. 8#Изреки 10,12; Тов 12,9; Лк 7,47; Јк 5,20А пред сѐ, имајте усрдна љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ 9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. 10#Лк 12,42-48; Рим 12,6-8; 1 Кор 12,4-7Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри уп­равители на разнообразната Божја бла­годат. 11#Рим 9,5; 1 Кор 10,31Ако некој зборува, словата нека му бидат како од Бога; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и вла­де­ење се вечни. Амин!
Блаженството ветено на прогонуваните
12 # 1,7; 3,14 Возљубени, не чудете се на огнот што се случува меѓу вас за да ве искуша, како нешто необично да ви се случува. 13#Мт 5,11-12; Рим 5,3-5; Кол 3,4; Јк 1,2-3Но, штом учествувате во Христовите стра­дања, радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите. 14#2,20; 3,14.17; Ис 11,2; Пс 88,50.51А ако ве укоруваат поради Христовото име, блажени сте, зашто Духот на славата и Духот Божји почива на вас; тие, значи, хулат на Него, а вие Го прославувате. 15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ни­ту како таков што се меша во туѓи ра­бо­ти; 16#Дела 11,26но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го прославува Бога за таквиот удел. 17#2,8; Ер 25,29; Лк 23,31; 2 Сол 1,8Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото благовестие? 18#Изреки 11,31И кога праведникот одвај се спасува, тогаш каде ќе се јават нечестивите и грешниците!? 19#Пс 30,5; Лк 23,46И така, оние што страдаат според волјата Божја, нека Му ги предадат своите души, како на верен Создател, правејќи добро.

Iliyochaguliwa sasa

1 Петар 4: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia