Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

1 Петар 3

3
Должности на сопружниците
1 # 1,25; 1 Кор 7,12-16; Ефес 5,22; Кол 3,18; Тит 2,5 Исто така и вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, та, дури и оние што не му се послушни на сло­вото, да бидат придобиени без слово, преку поведението на своите жени, 2откако ќе го видат вашето однесување коешто е во стравопочит и чистота. 3#Ис 3,16; 1 Тим 2,9-15Таквото поведение да не биде надво­решно, односно со плетење на косите, китење со злато или облекување на убави облеки, 4#Мт 6,4.6.18туку скришно, во срцето на човекот, во непропадливоста на кроткиот и тих дух, зашто тоа е скапоцено пред Бога. 5Зашто така некогаш се украсуваа себеси и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на своите мажи, 6#1 Мојс 18,12; Гал 4,28како што Сара му беше послушна на Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда, ако правите добро и не се боите од никакво заплашување. 7#Ефес 5,25; Кол 3,19Исто и вие, мажите, живејте разумно со нив, давајќи им почит како на послаб сад, како на сонаследници на благодатниот живот, за да не бидат попречувани вашите молит­ви­.
Страдање заради правда
8 # Рим 12,14-18 А најпосле, бидете сите едномислени, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, смиреномудрени; 9#2,23; Мт 5,38.43; Лк 6,28; 1 Сол 5,15не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувај­те, знаејќи дека за тоа сте повикани, за да наследите благослов. 10#Пс 33,12-16„Зашто, кој сака да го љуби животот и сака да види добри денови, нека го пази својот ја­зи­к од зло, и неговите усни да не зборуваат лаги. 11Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него – 12бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и Неговите уши – кон нивните молитви, а лицето на Господ е против оние кои прават зло.“
Доверба наместо прогонување
13И кој ќе ви направи зло, ако го подражавате доброто? 14#2,20; 4,14; Ис 8,12; Изреки 3,25; Мт 5,10; 10,26-31Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од нивното заплашување и не тревожете се; 15#Ис 8,13туку Господ Бог почитувајте Го во своите срца, а бидете секогаш подготвени со кротост и стравопочит, за од­говор на секого што од вас ќе побара сметка за вашата надеж. 16#2,12.15 Имајте чиста совест, та со тоа, што ве клеветат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос. 17#2,20Зашто, ако ѝ е угодно на волјата Божја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.
Победата на Христос се покажува во сите
18 # 2,21-24; Рим 5,6; 6,10; Ефес 2,18; Евр 9,26-28 Бидејќи и Христос еднаш пострада за гревовите, Праведниот за неправедните, за нас да нѐ доведе кај Бога; Тој беше умртвен по тело, но оживеа преку Духот. 19Со Него отиде да им проповеда и на духовите кои беа в затвор, 20#1 Мојс 6,1-7; 7,7; 2 Птр 2,5; 3,9кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги оче­ку­ваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија преку водата. 21#1,3; Рим 6,4; Кол 2,12-13; Евр 10,22Таа преку образот на крштевањето и сега нѐ спасува, но не со отстранувањето на телесната нечистотија, туку со барањето на чиста совест од Бога, преку воскресението на Исус Христос, 22#Дела 2,33; Ефес 1,20-21; Кол 2,15Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.

Iliyochaguliwa sasa

1 Петар 3: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia