Ппророк Језекиил 38
38
Во земјата Магог.
1И би слово Господово до мене:
2»Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гога во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Месех и Тувал, изречи пророштво против него.
3И кажи им – вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал.
4Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст; ќе те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви.
5Персијанците, Етиопите и Либијците со нив, сите со штитови и со шлемови.
6Гомера со сите чети, домот на Тогарма од северните предели, со сите негови чети, многу народи со тебе.
7Готви се и приготви се – ти и сите твои чети собрани при тебе и биди им водач.
8По многу дни ти ќе бидеш посетен; во последните години ќе дојдеш во земја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на Израилевите планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ќе бидат повратени од кај народите, и сите тие ќе живеат спокојно.
9Па ќе се кренеш како бура, ќе тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе.‘«
10Така вели Господ Бог: »Во оној ден ќе ти дојдат на срцето мисли и ти ќе помислиш да направиш нешто лошо.
11И ќе речеш: ‚ќе се кренам против неоградена земја, ќе појдам против мирните кои живеат безгрижно – сите тие живеат без ѕидови и при нив нема ни резиња, ни порти,
12за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран од кај народите, што се занимаваа со стопанство и трговија, кој живее во папокот на земјата.‘
13Сава и Дедан и тарсиските трговци со сите нивни млади лавови ќе ти речат: ‚Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш добиток и имот, да заграбиш голем плен.‘«
14Затоа изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на Гог – вака вели Господ Бог: »Па зар не ти е познато дека во оној ден народот Мој Израилот ќе заживее во мир?
15И ќе тргнеш од твоето место, од северните предели, ти и многу народи со тебе сите на коњи, голем собир и многубројна војска.
16И ќе се кренеш против Мојот народ, против Израилот, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа сѐ ќе биде во последните дни, и Јас ќе те доведам во Мојата земја, та народите да Ме познаат кога ќе се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни.«
17Така вели Господ Бог: »Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците Израилеви, кои пророкуваа тогаш дека Јас ќе те доведам против нив?
18Во оној ден, кога ќе дојде Гог против Израилевата земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ќе пламне во Мојата јарост.
19И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата Израилева.
20И од лицето Мое ќе затреперат рибите морски и птиците небески, и ѕверовите полски и сѐ што се влече и лази по земјата, и сите луѓе, што се наоѓаат на земјата; ќе се соборат планини, ќе попаѓаат карпи и сите ѕидови ќе паднат на земја.
21И по сите Мои планини ќе повикам меч против него, вели Господ Бог; мечот на секој човек ќе биде против братот негов.
22И ќе му судам преку помор и крвопроливање ќе излијам врз него и војските негови и врз многуте народи, што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур.
23Ќе го покажам Моето величие и Мојата светост и ќе се појавам пред очите на многу народи – и тие ќе познаат, дека Јас сум Господ.«
Iliyochaguliwa sasa
Ппророк Језекиил 38: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: