Ппророк Језекиил 39
39
Повраток на Израилот.
1Ти, сине човечки, изречи пророштво против Гога и кажи – вака вели Господ Бог: »Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал.
2Ќе те вратам и ќе те поведам, ќе те изведам од северните предели и ќе те доведам на планините Израилеви.
3Ќе го исфрлам лакот од твојата лева рака и ќе ти ги исфрлам стрелите од твојата десна рака.
4Ќе паднеш на Израилевите планини, ти и твоите полкови и народите што ќе бидат со тебе; ќе дозволам да те изедат секакви грабливи птици и ѕверови полски.
5Ќе паднеш на откриено поле, оти Јас го реков тоа, вели Господ Бог.
6И ќе испратам оган врз земјата Магог и врз жителите на островите, кои живеат безгрижно, па ќе познаат дека Јас сум Господ.
7Ќе го покажам Своето свето име меѓу Мојот народ, Израилот, и нема веќе да дозволам во иднина да се обеславува името Мое, свето, па ќе познаат народите дека Јас сум Господ, Светецот Израилев.
8Ете, тоа ќе дојде и ќе се збидне, вели Господ Бог, тоа е денот, за кој ви зборував.
9Тогаш жителите на градовите Израилеви ќе излезат, ќе запалат оган и ќе го изгорат оружјето, штитовите и железните ризници, лаковите и стрелите, боздоганите и копјата: седум години ќе ги горат.
10И нема да носат дрва од полето, ниту пак ќе сечат од горите, туку ќе го горат само оружјето; ќе ги ограбат своите грабители и ќе ги оберат своите обирачи, вели Господ Бог.
11Во тој ден ќе му дадам на Гога место за гробница при Израилот во долината на патниците, источно од морето, и таа таму ќе ги задржува патниците: таму ќе го погребуваат Гога и сета негова војска, а ќе ја наречат долината на Гоговиот народ.
12Домот Израилев ќе ги погребува седум месеци, за да ја очисти земјата.
13И сиот народ од земјата ќе ги погребува, и за нив тој ден ќе биде знаменит, во кој Себе ќе се прославам, вели Господ Бог.
14И ќе определат луѓе, кои постојано ќе го обиколуваат пределот и со помош на патниците да се погребуваат другите по лицето земјино, – за да ја очистат; по седум месеци тие ќе почнат да бараат.
15И кога некој од оние, што ќе минуваат по земјата, ќе види човечка коска, ќе стави до неа знак, додека погребувачите не ја закопаат во долината на Гоговата војска.
16Името на градот ќе му биде пак – Хамона (народ). Така ќе го очистат тие пределот.«
17А ти, пак, сине човечки, – така вели Господ – кажи им на сите видови птици и на сите ѕверови полски: соберете се и дојдете, побрзајте од сите краишта кон Мојава жртва, што Јас ќе ја заколам за вас, кон големата жртва на планините Израилеви, и ќе јадете месо и ќе пиете крв;
18месо од силни мажи ќе јадете и ќе пиете крв од кнезови земни, од овни, од јагниња, од козли и од телиња – сите тие се згоени во Васан,
19ќе јадете мрс до наситување и ќе пиете крв до опивање од Мојата жртва, што Јас ќе ја заколам за вас.
20И на Мојата трпеза ќе се наситите на коњи и коњаници, на мажи силни, на секаков вид воени лица, вели Господ Бог.
21Ќе ја покажам славата Своја, меѓу народите и сите народи ќе го видат Мојот суд, што Јас ќе го одржам, и Мојата рака, што Јас ќе ја кренам врз нив.
22И ќе узнае домот Израилев дека Јас сум Господ Бог нивни од денес и натаму.
23Ќе познаат народите дека домот Израилев беше преселен поради својата неправда; оти тие постапија вероломно пред Мене, Јас го сокрив од нив лицето Мое и ги предадов во рацете на непријателите нивни, и тие сите паднаа од меч.
24Поради нечистотиите нивни и поради гревовите нивни Јас го направив тоа со нив и го сокрив од нив лицето Мое.
25Затоа вака вели Господ Бог: сега ќе ги вратам плениците на Јакова, ќе се смилувам над сиот дом Израилев и ќе бидам ревнив на името Мое свето.
26Па ќе го почувствуваат тие своето бесчестие и сите свои беззаконија, што ги вршеа пред Мене, додека уште живееја во земајта своја во мир, ќе заживеат спокојно, и немаше никој да ги заплашува.
27кога ќе ги вратам од кај народите и ги соберам од земјите на нивните непријатели и ја покажам во нив светоста Моја пред очите на многу народи.
28И ќе познаат дека Јас сум нивниот Господ Бог, Кој откако ги растурив меѓу народите, одново ќе ги соберам во нивната земја и нема да оставам таму ниту еден од нив.
29И веќе нема да го сокривам лицето Свое од нив, затоа што ќе излеам Јас од Мојот дух на домот Израилев, вели Господ Бог.
Iliyochaguliwa sasa
Ппророк Језекиил 39: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: