Даниил 6
6
Даниил во лавовска јама.
1Му се свиде на Дарија на царството да постави сто и дваесет сатрапи за да бидат управители во целото царство.
2А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниил – на кого сатрапите ќе му даваат сметка, за да не биде царството претоварено.
3Даниил ги надминуваше другите кнезови и сатрапи, бидејќи во него имаше висок дух, и царот веќе се мислеше да го постави над целото царство.
4Тогаш кнезовите и сатрапите смислија предлог да го обвинат Даниила во управувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак грешка, бидејќи тој беше верен и немаше никаква погрешка ни вина.
5Но тие луѓе рекоа: »Нема да најдеме причина против Даниила, ако не најдеме против него нешто во Законот на неговиот Бог.«
6Тогаш тие кнезови и сатрапи отидоа при царот и му рекоа вака: »Царе Дарие, жив да си довека!
7Сите кнезови во царството, намесниците, сатрапите, советниците и воените началници се согласија помеѓу себе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ќе се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама.
8И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да не се изменува, како закон Мидијански и Персијски и да не биде нарушен.«
9Царот Дариј го потпиша решението и заповедта.
10А Даниил, штом разбра дека е потпишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна соба му беа отворени спрема Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и му се молеше на својот Бог и Го славословеше, како што го правеше тоа и порано.
11Тогаш тие луѓе, демнејќи го, го најдоа Даниила дека се моли и бара милост пред својот Бог;
12потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: »Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ќе му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама?« Царот одговори и рече: »Тој збор е цврст како и законот на Мидијаните и Персијанците, што не допушта измени.«
13Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: »Даниил, кој е од заробените синови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата која си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви.«
14Царот кога го чу тоа, многу се јадоса и си стави при срце да го спаси Даниила и дури до зајдисонце многу размислуваше да го избави.
15Но оние луѓе дојдоа при царот и му рекоа: »Царе, знај дека според законот на Мидјаните и Персијците ниедно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени.«
16Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниила, па го фрлија во лавовската јама; тогаш царот му рече на Даниила: »Твојот Бог, Кому без престан Му служиш, Он нека те избави!«
17Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на великодостојниците свои, за да не се измени ништо по однос на Даниила.
18Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му донесат храна, но сонот бегаше од него.
19А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама;
20и кога се приближи до јамата, со нажален глас го повика Даниила и му рече: »Данииле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му служиш, може ли да те избави од лавовите?«
21Тогаш Даниил му одговори на царот: »Царе, жив да си довека!
22Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, оти јас излегов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап.«
23Тогаш царот многу се зарадува за Даниила и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниила од јамата, и никаква повреда не се забележа на него, оти тој веруваше во својот Бог.
24Царот заповеда, па ги доведоа оние луѓе, што го обвинуваа Даниила, и ги фрлија во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски.
25Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои живееја по целата земја: »Мирот да ви се умножи!
26Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Данииловиот Бог, зашто Он е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно.
27Он избавува и спасува, прави чудеса и знаци по небото и земјата; Он го избави Даниила од силата на лавовите.«
28И така Даниило живееше добро и за царувањето на Дариј, а и во царувањето на Кир Персиски.
Iliyochaguliwa sasa
Даниил 6: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: