Даниил 5
5
Валтазаровата гозба.
1Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и пред очите на илјадата пиеше вино.
2Откако вкуси од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и сребрените садови, кои татко му Навуходоносор беше ги изнесол од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
3Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од Светилиштето на домот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
4Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени.
5Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти светилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
6Тогаш царот го измени лицето, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.
7Извика царот силно за да доведат маѓепсници, Халдејци и гледачи: царот проговори и им рече на мудреците вавилонски: »Оној што ќе го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ќе биде облечен во скерлет и околу вратот ќе му биде ставена златна веришка, а во царството мое ќе биде трет достоинственик.«
8И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напишаното и да му го објасни на царот значењето негово.
9Царот Валтазар се разгневи многу и видот на лицето му се измени, а се смутија и достоинствениците негови.
10Царицата, пак, во врска со зборовите на царот и на достоинствениците негови влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече – »Царе, да си жив довека, да не те возмутуваат мислита твои и да не се менува изгледот на лицето твое.
11Во царството твое има човек, во кото е духот на Бога светецот; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како глава на јасновидците, Халдејците и гледачите, лично татко ти, царот,
12бидејќи во него, во Даниила, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разврзува јазли. Затоа нека го повикаат Даниила, и тој ќе го објасни значењето.«
13Тогаш го воведоа Даниила при царот, и царот проговори и му рече на Даниила: »Ти ли си Даниил, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
14Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и голема мудрост.
15Еве, ми ги доведоа мудреците и маѓепсниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
16За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разврзуваш јазли; па така, ако можеш да го прочиташ она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.«
17Тогаш Даниил одговори и му рече на царот: »Даровите нека ти останат при тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ќе му го прочитам на царот и значењето ќе му го објаснам.
18Царе, Севишниот Бог беше му дарувал на татко ти Навуходоносора царство, величие, чест и слава.
19Пред величието што му го беше дал Он, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа – кого сакаше го убиваше и кого сакаше – го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
20А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена,
21а беше одвоен од синовите човечки и срцето негово заприлега на ѕверско, и живееше со дивите осли; го хранеа со трева како вол, а телото негово се оросуваше од небеската роса, сѐ додека не разбра дека над човечкото царство владее Севишниот Бог и го поставува над него, кого сака.
22А ти сине негов, Валтазаре, не го смири срцето свое, иако го знаеше сето тоа.
23Туку се возгордеа против Господа небесниот и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостојници, твоите жени и наложниците пиевте од нив вино и ги славевте боговите сребрени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бога, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
24Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
25А еве што е напишано: Мани, Текел, Фарес.
26А еве го значењето на зборовите: Мани – го изброи Бог царството твое и му стави крај;
27Текел измерен си на кантар и се најде многу лесен;
28Фарес – царството ти е разделени и им е дадено на Мидијаните и Персијанците.«
29Тогаш по заповед на Валтазара го облекоа Даниила во скерлет и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.
30Во истата ноќ Валтазар, царот халдејски, беше убиен.
31А Дариј Мидијанинот го презеде царството, кој тогаш беше на шеесет и две години.
Iliyochaguliwa sasa
Даниил 5: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: