Сигурност во несигурни времињаПримерок

Во нас постои жар кој чека да биде разгорен. Жар кој се зажарува и чека да биде разгорен. Оган кој расте и може да се прошири на оние околу тебе доколку пробаш да го разгориш. Овој оган е посилен од несигурноста која ја чувствуваш. Ја поседува моќта да преминеш преку негативноста која можеби те опкружува во моментот.
Тој оган, таа пасија, таа внатрешна сила е ставена во тебе директно од Бог. Пасијата да го направиш она за кое си створен да го направиш, што и да е тоа. Внатрешна сила да издржиш и победиш независно од твојата опозиција.
Можеби сум несигурен за она што утрешниот ден може да донесе, но сигурен сум дека треба да ги завршам работите денес.
Можеби сум несигурен за тоа како ќе ги достигнам моите цели, но сум сигурен за тоа кои се моите цели.
Не сум сигурен за тоа КАКО ќе станам успешен, но сум сигурен дека ќе бидам успешен.
Сигурен сум.
Мојот ум е променет.
Мојот Бог ми ги овозможи алатите кои се потребни за да ги остварам моите соништа. Тој ме надгледува од почетокот на моето постоење и неговата волја секогаш се остварува.
Не сум сигурен како ќе успеам, но сигурен сум. Не знам кога ќе ги остварам моите цели, но знам дека ќе ги остварам.
Сигурен сум во тоа.
Низ што и да поминуваш моментално, знај дека нема нешто што е ненадминливо за Бог. Каква и болка, фрустрација, стрес, вознемиреност или несигурност да доживуваш, запамти дека ние сме СИГУРНИ преку Исус Христос.
Во несигурни времиња, немој да се плашиш. Биди сигурен.
За да се поврзеш со Давид Виља, Кликни Тука!
За да се претплатиш на Давидовиот Подкаст, Кликни Тука!
Свето Писмо
Опис за овој план

На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.
More
Слични Планови

Што е вистинска љубов?

Живеј со сила и храброст!

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Живеј живот со цел!

Отстапи го на Бога првото место

Ти имаш молитва!

Твојата најдобра инвестиција!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Библија за деца
