Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Сигурност во несигурни времињаПримерок

Certainty In Times Of Uncertainty

2 ДЕН ОД 5

Во дигиталната ера, информациите пристигаат до нас побрзо од било кога.



Можете да пребарувате на Гугл се што ќе посакате и може да истражувате на одредена тема со недели. Со само еден клик на маусот или допир на телефонот можете да истражите се што ви е потребно на било која тема. Иако ова би требало да е позитивен аспект на времето во кое живееме, не е така во секој случај. Проблемот е во тоа што во изобилството од информации се наоѓа и изобилство од дезинформации. Новости кои се до тој степен сензационални што ни ја заматуваат реалноста.



Новинарите и порталите за вести ни ја заматија линијата помеѓу она што е вистина и човечко мислење, за сите нас кои ја бараме вистината.



Тие трчаат по рејтинг.



Луѓето кога се исплашени вклучуваат телевизор да гледаат вести. Сакаат преку тоа да се утешат или информираат на темата која им создава страв. Ние пречесто го прифаќаме како факт она што луѓето го зборат, сѐ што читаме, слушаме и претпоставуваме го прифаќаме како вистина без да размислиме дали изворот на таа информација е невалиден и може да не дезинформира.



Единствената ВИСТИНА која ја знаеме е дека Исус Христос умре за нашите гревови. Единствената вистина која е базирана на проверени факти, потврдена, е дека Бог ќе биде со нас од почетокот до крајот. На отворањето и затворањето. Тој е авторот и редакторот и Неговиот збор е последен. Нема тука што да се популаризира, бидејки нема вистина која Бог не ни ја открил.



Не ти велам да престанеш да читаш вести или да им веруваш на оние околу тебе, туку да независно од она што е изјавено и напишано да бидеш свесен дека Бог знае за сѐ. Божјите планови за тебе не се менуваат поради делата на луѓето. Божјите планови се неотповикливи и независни од она што се случува околу нас.



Во времиња на несигурност, Бог е сигурен. Додека на нас ни изгледа дека можеби плановите ќе ни пропаднат или ќе се променат, оној план кој Господ го одредил за нас ќе се спроведе до крај.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Certainty In Times Of Uncertainty

На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.

Би сакале да му се заблагодариме на Давид Виља што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://davidvilla.me/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност