Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Сигурност во несигурни времињаПримерок

Certainty In Times Of Uncertainty

4 ДЕН ОД 5

Работите не секогаш се движат според нашите планови, но секогаш се приспособуваат на Господовите планови.



Животот не можеме да го живееме без препреки на патот и неуспехот не се должи на присуство на тие препреки, туку на тоа кога ние ќе дозволиме тие препреки да го спречат нашето движење на патот. Немој да се обесхрабриш во одложувањата кои ги правиш при потрагата на твојата цел. Ние не можеме да контролираме што ќе ни се случи, може само да ја контролираме нашата реакција на случувањето. Еднаш Пасторот Чарлс Р. Свиндол кажа дека животот е само десет проценти тоа што гледаш дека ти се случува и деведесет проценти како реагираш на тоа.



Твоето размислување е моќна работа. Верувам дека луѓето кои се успешни, не се успешни поради тоа што се по талентирани или по вешти, туку се успешни поради тоа што размислуваат како да го видат успехот во неуспешна ситуација.



Ние мора да му веруваме на процесот, дури и кога патот станува трнлив. Бог те развива за планот кој го направил за твојот живот. Бог не тера да поминеме преку нешто што јас го нарекувам "сезони на оформување" за да не припреми психички за крајната цел према која се движиме. 



Да се има сигурност во несигурни времиња не значи да станеш слеп за случувањата околу тебе, не значи дека нема да имаш чувства на страв, тоа е нормално, ние сме луѓе, но значи дека ние како Христови следбеници избираме да имаме вера во страшните времиња на негативност која не опкружува. Значи дека дури и со страв во нашите умови, ние знаеме дека Господ ќе ни овозможи сѐ што ни треба да понесеме со нас.



Во времиња на несигурност, твојата Библија е сигурна. 



Бог е сигурен.



Исус е тука за нас. 



Можеби живееме во ограничен свет, но му служиме на неограничен Бог.


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Certainty In Times Of Uncertainty

На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.

Би сакале да му се заблагодариме на Давид Виља што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://davidvilla.me/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност