Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Адамант со Лиза БевереПримерок

Adamant With Lisa Bevere

6 ДЕН ОД 6


Бог ти вели: „Ти си Мојот адамант.“ Не е важно дали сега не се чувствуваш како адамант. Тој те има завиткано во неуништливото дело на Христос. Слушај што објавува Бог денес за тебе:


Ти си Мојот адамант, цврст но и проѕирен—луѓето гледаат низ тебе и го гледаат Христос.


Ти си Мојот адамант—Христовиот Дух живее во тебе за да те направи неподвижен и непоколеблив.


Ти си Мојот адамант—имаш огнена душа!


Исус дојде да нѐ крсти со Светиот Дух и оган. Тоа е крштевање што мора да го примиме. Кога повторно се раѓаме, нашите безживотни срца се оживуваат со огненото осветлување на неговата вечна љубов.


Ти не знаеш како изгледаш во духот. Мислиш дека изговараш само зборови, но изговараш оган! Изговараш работи кои со светлината и вистината ги одвојуваат непријателските лаги што толку долго биле прилепени за луѓето. Ти изговараш оган кој ги топи синџирите и треба да останеш во оваа вистина.


Подарокот на твојот живот е како оган. Не дозволувај да исчезне. Вдиши го јагленот и издувај со огромен пламен! На другите им треба тој оган да гори во тебе и низ тебе, затоа што си Негово дете, родено одново во Негова природа.


Бог ти се обраќа тебе имајќи го во предвид тоа во што ќе постанеш, а не како што си сега. Тој има толку многу верба во Неговиот план за твојот живот. Со оглед на ова, кои работи треба да престанеш (или да почнеш) да си ги зборуваш на себе?


Ако уживаше во овој план за читање, те охрабрувам да истражиш подлабоко и да ја провериш мојата нова книга Адамант: Пронаоѓање вистина во универзум од мислења. 


Ден 5

Опис за овој план

Adamant With Lisa Bevere

Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душа...

More

Благодарни сме на Џон и Лиза Бевере за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://iamadamant.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност