Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Адамант со Лиза БевереПримерок

Adamant With Lisa Bevere

4 ДЕН ОД 6


Дали повеќе сакаш да имаш популарност . . . или да имаш влијателност?


Популарноста и влијанието изгледаат слични, но тие се многу различни. Популарноста бара да ги следиш толпите или да им кажуваш тоа што сакаат да слушнат. Додека влијанието бара да се држиш до вистината без разлика на топлата.


Во суштина, вистината не е што, туку кој, затоа што Исус рече дека Тој е вистината. Исус исто така рече дека Божјото Слово е вистина. Светот сака да ја гледа вистината како нешто непостојано и релативно, но вистината која е заснована во личноста на Исус и Словото Божјо - никогаш не се менува. Во свет полн со различни мислења, вистината на Бог нè води кон верувања врз кои можеме да ги градиме нашите животи.


Треба да бидеме внимателни и да ја забележуваме разликата помеѓу мислење и верување. На нашиот свет не му треба нередот што резултира од многу мислења. Му треба стабилност што доаѓа со вистината. Да не придонесуваме кон вревата која пречи да се свртиме кон Писмото и Духот на вистината.


Мислењата се донесуваат лесно и се менуваат брзо, но тешко е да се исчистат ако ги шириме невнимателно. Тие можат да станат отпад кој го загадува и нашиот и туѓите животи. Мора внимателно да ги избираме нашите зборови за да се осигураме дека сме дел од решението на проблемите за кои сме повикани да ги менуваме.


Те предизвикувам да го уредиш својот живот и да ги бираш зборовите што ги изговараш. Внимателно одбирај што читаш, слушаш, зборуваш или објавуваш. Не ги шири семејните или црковните проблеми за целиот свет да ги види. Но, во исто време, немој да молчиш за нив: разговарај со семејството за семејните проблеми. Ако некој не е вклучен во проблемот или неговото решавање, немој непотребно да го вклучуваш. Тоа само го зголемува проблемот, наместо да го решава.


На кој начин молчењето за важни теми е исто како нивното одобрување? Што значи да обрнеш внимание на твоите зборови на таков начин што ќе станеш дел од решението, а не дел од проблемот?


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Adamant With Lisa Bevere

Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душа...

More

Благодарни сме на Џон и Лиза Бевере за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://iamadamant.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност