Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Адамант со Лиза БевереПримерок

Adamant With Lisa Bevere

3 ДЕН ОД 6


Кога ја примаме Божјата љубов, нашата природна и неопходна реакција е да дадеме љубов. Треба да сакаме бестрашно, триумфално и бесконечно. Вистинскиот доказ за оној кој знае дека е сакан е дека и тој самиот љуби.


Бог не поседува љубов. Тој е љубов. Љубовта е Неговата вистинска природа. И бидејќи Бог е љубов, не можеш да Го спречиш да те сака. Неговата љубов е непобедлива и неподвижна, таа не сопира заради твоите подеми и падови.


Но, бидејќи Бог ги сака сите, Тој не може да сака сè. Бидејќи Бог е непопустлив во љубовта, тој исто така мора да биде непопустлив во омразата.


На прв поглед, ова може да изгледа противречно, но тоа е само затоа што нашата култура ја идолизирала љубовта. Знаеме дека Бог е љубов, но дали нашата идеја за љубов ја имаме направено бог?


Вистина е дека Бог мрази сè што ја уништува љубовта. Го мрази она што им наштетува на луѓето кои Ги сака. Затоа Бог мора да го мрази она што го нарушува нашиот идентитет.


Покрај тоа, Светото Писмо ни кажува дека Бог мрази: сè што ја загрозува правдата и вистината, кога вдовиците и сираците се угнетувани, злоупотребата на старите лица и занемарувањето на семејството, она што ја нарушува Неговата добрина и ги омаловажува Неговите дарови, кога љубовта се претвора во себичност и пријателите стануваат непријатели, она што ја менува Неговата претстава и ја расипува нашата, кога злото се нарекува добро, кога невините гинат и кога ароганцијата и гордоста нè деградираат. Накратко, Бог мрази сè што ја поткопува љубовта бидејќи сè што ја расипува љубовта, нè расипува и нас.


Не можеме да имаме вистинска љубов ако „сакаме сè“. Бог е стабилен и во љубовта и во омразата, затоа мора да научиме да го сакаме она што Бог го сака и да го мразиме она што Тој го мрази.


На кои начини нашата култура ја создаде идејата за богот кој само сака? Бог ги сака сите, но не сака сè. Како изгледа оваа вистина во твојот живот? 


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Adamant With Lisa Bevere

Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душа...

More

Благодарни сме на Џон и Лиза Бевере за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://iamadamant.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност