Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Празна жртва (Ејлин Батон)
Како и многу други католички деца, јас се откажав од благо во рок четириесет и кусур денови за време на Великиот пост. Се сеќавам како на Велигден се симнував по скалите, надевајќи се дека ќе бидам пречекана со прекрасно, чоколадно Палмер зајаче. Откако ја преживеав маченичката сезона на жртвување, едвај чекав да ги грицкам долгите, вкусни чоколадни уши.
Понекогаш бев разочарана што во мојата кошница на местото на посакуваното зајаче наоѓав празен чоколаден крст. Окружен во зелена пластична трева со пастелни желе гравчиња, наоѓав млечно чоколадна верзија на предметот на кој мојот Спасител беше измачуван. На местото на распнатото тело на Христос, на крстот имаше розево-жолт цвет изработен од шеќер. Не можев да го јадам тоа. Мислев дека би било богохулно да го јадам тоа. Иако беше речиси невозможно да се издржат долгите денови на Великиот пост, безначајноста на мојата "жртва" секогаш ме шокираше кога бев соочена со тој чоколаден крст на Велигден. Дури и дете може да е трогнато од реалноста на Христовата најголема жртва.
Годишната сезона на Постот е збунувачка за многумина. Откажувањето од нашите омилени слатки или навики - дури и за кратко време - изгледа непотребно во нашата култура во која секој сака да добие инстант задовлство. Постот е споро, завршувачко крешендо кое води до буката на Великиот петок и прекрасната арија од Велигденскиот неделен ден. Тоа е сезона означена со внимателност и цел.
Но, ние честопати им се спротивставуваме на нашите најдобри намери. Кога постиме од храна или технологија (или што и да е било друго што во нашето срце може да го заземе местото кое само Бог може да го исполни), можеби сме во искушение да чувствуваме гордост или ароганција во врска со нашата жртва. Самата работа од која се откажуваме понекогаш во нас создава "потреба" која треба да се исполни. Наместо да се фокусираме на Исус Христос, нашето внимание може да биде привлечено од она од кое што доброволно се откажуваме.
Сепак, практикувањето на Постот може да биде важна дисциплина. Тешко е да се разбере тоа што постојаната поврзаност со нештата им го прави на нашите тела и души. Нашата култура го обожава задоволството, длабоко се поклонува кон сите негови вкусни дарови. Како што навлегуваме се повеќе во тоа, можеме да станеме бесчувствителни за нашите потреби - вистинската глад - во нашиот живот. Размислувањето за Постот може да ни помогне да ги сфатиме причините поради кои постојано конзумираме. Кога ќе одлучиме да се откажеме од она што не успева вистински да не задоволи, тогаш лице в лице се соочуваме со тешките прашања. Можеме ли да му веруваме на Исус кога вели: „Човекот не живее само од леб, туку од секој збор што доаѓа од Божјата уста"? Како можеме да направиме место за Спасителот во нашите истоштени и оптоварени животи? Можеме ли да ја сфатиме реалноста на Велики петок и да живееме во неговата иронија?
Постот нè предизвикува да ги разгледаме чесните одговори на овие и други прашања преку кои ја испитуваме својата душа. Тој нè поканува доброволно да излеземе од машинеријата на конзумацијата и да доживееме воздржаност од постојаното и непромислено уживање. Постот го има потенцијалот на материјалниот аспект од нас да му ја даде потребната пауза.
Како и многу други верници, јас се држам до годишната дисциплина на постење и продолжувам да се откажувам од нешто што го конзумирам. Ја ценам сезоната на одрекување, барање и откровение. Секоја година учам нешто ново.
Можеби бев - и сеуште сум - навредена од празниот чоколаден крст, бидејќи тој го означува она што е многу често вистина за нашиот духовен живот: Она што го гледаме однадвор може да изгледа убаво, но тоа за жал може да биде празно. Повремено, реалноста на жртвата на Исус Христос и моќта на неговата љубов пробиваат низ нашите тврди срца. Разбирањето на таа вистина, како ладна вода врз нашите уморни лица, предизвикува возбуда. Празните делови од нашите души може да се пополнат.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056