Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Пост со цел (Clyde Taber)
Постот е чуден збор за нашите уши. Го избегнуваме, се двоумиме и го отфрламе. Го избегнуваме на ист начин како што верските водачи го заобиколија претепаниот човек во параболата на Исус. Сепак, постот беше дел од ритамот и протокот на животот на раната Црква.
Исус Христос ја потврдил и прифатил практиката на постење од Стариот завет. „Кога ќе му дадете на некој што има потреба“ (Матеј 6: 2), „кога се молиш“ (Матеј 6: 5), „кога постиш“ (Матеј 6:16) беа дел од Неговите поуки на планината. Исус сметал дека давањето, молењето и постот се нормален дел од духовниот живот. Овие практики не се изборни, туку дел од основната настава во Христовото училиште.
Постот им претходеше на многу важни моменти во човечката историја. Откако Мојсеј постеше, ги прими плочите кои го сменија нашето познавање на гревот и чувството за правичност во светот (Излез 34:28). Откако Исус постеше, чашата почна да тече со виното на Новиот завет (Матеј 4: 2). Откако раните црковни водачи постеа, христијанството се распрсна надвор од границите на Палестина (Дела 13:2). Црквата од 20 век во Азија постеше и сега расте со невидени стапки. Таткото сака да ги наградува оние кои постат со чисто срце (Матеј 6:18).
Постот ѝ претходи на целта и затоа целта треба да му претходи на постот. Кога постиме, тоа треба да го сметаме за време на „одвојување“, за да се „подготвиме“. Ние привремено се воздржуваме од храна за подобро да се фокусираме на Христос и Неговото царство. Постот бара одлучност и посветеност. Одвојуваме време да излеземе од автопатот на нашите зафатени животи. Постот е најкорисен кога е придружен со барање, жртвување и сеење во Духот, а не во телото. Кога јадеме, го задоволуваме телото. Кога постиме, излегуваме вон областа на телото и досегнуваме до областа на Духот.
Плодноста во постот не се постигнува брзо. Тоа е практика која се зајакнува со време и искуство. Кога ќе навлеземе во сезоната за постење, Господ ни дава благодат. За момент нè потсетува на смрт, а потоа отсуството на храна Духот го преведува во чувство на живот, светлина и проникливост.
Како што Исус Христос беше одлучен во своето патување кон Ерусалим, нека и ние го следиме во оваа духовна практика. Не „ако“, туку „кога постите.“

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056