Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

23 ДЕН ОД 46

Карл Барт (Швајцарија, 1886-1968)

Кога зборуваме за благодатта, размислуваме на фактот дека [Божјата] благонаклоност не му дозволува на созданието да се уништи и расипе, иако созданието е грешно. Од друга страна, кога зборуваме за светоста, размислуваме на фактот дека Неговата благонаклоност ја совладува и уништува духовната побуна на созданието.

Да се ​​каже благодат е исто како и да се каже простување на гревовите; да се каже светост, исто како да се каже суд за гревовите. Но, бидејќи и двете ја одразуваат љубовта Божја, како може едното да постои без другото, простување без суд или суд без простување?

Само таму каде Божјата љубов сеуште не е откриена, во неа сеуште некој не поверувал или престанал да верува, само таму постои одвојување меѓу нив две. Во тој случај, простувањето за гревот нема да биде дадено, и наместо тоа ќе има осуда. Тогаш не би станувало збор за содејствување меѓу Божјиот суд и Божјото простување.

Ако зборуваме во вера, и во светло на Бог и Неговата љубов, а со тоа и на Божјото простување и суд, како што расте нашето разбирање, ќе знаеме да ги разликуваме, но сигурно нема да ги одвоиме Божјата благодат и Божјата светост.

Врската меѓу двете најдобро се сумира во фактот што и двете ја карактеризираат и покажуваат Неговата љубов и Самиот Него и Неговиот удел во заветот, како Господ на заветот меѓу Себе и Неговото создание.

Опис за овој план

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056