Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Свет Бог (Кит Поттер)
Во сезоната на Постот се сеќаваме на големата жртва што ја направи Исус Христос, простувањето што беше платено со неговиот живот. Ние признаваме дека нашите гревови се препрека на патот на меѓусебниот однос со Бога.
Меѓутоа, нашата исповед ќе биде слаба и празна, освен ако не разбереме колку голем и свет е Бог. Ние секогаш ја потценуваме сериозноста на гревот и нејзините ефекти, односно дека гревот нè оддалечува од Бог и не ни дозволува да имаме заедништво со Него. Нашите напори да си простиме себеси и на другите ќе бидат слаби и празни, освен ако не разбереме како Божјата благодат целосно нѐ покрива преку Исус Христос, правејќи нѐ праведни во Божји очи и способни за заедништво со Него.
Значи, во оваа сезона, ние размислуваме за Божјата светост и се прашуваме како би било да сме исполнети само со љубезни намери и здрави мотиви, како и нашиот Бог.
Во Исаија 6, откриваме дека приказната за големиот пророк започнува со голема визија за Бог, седнат на Неговиот престол, окружен со ангели. Ден и ноќ, овие слуги извикуваат: "Свет, свет, свет е Господ на Небесните војски! Целата земја е полна со Неговата слава!" (Исаија 6:3). А реакцијата на Исаија? „Готово е! Јас сум проколнат, бидејќи сум грешен човек, имам гнасни усни и живеам меѓу луѓе со гнасни усни, но јас го видов Царот, Господарот на Небесните Војски“. (Исаија 6:5)
Кога Исаија го видел Бог, тоа му ги отворило очите да се види себеси. Нечист. Лошо извалкан во нечистотијата од неговата околина. Бил сè, освен свет. Затоа Бог го допре Исаија. Тој ужива да простува, да очисти и да даде сила за нешто ново. Бог ги повикува луѓето за посредници. Исаија одговара: „Господи, јас ќе одам, испрати ме“.
Тоа може да биде нашата приказна. Во светлината на Божјата светост, ние сме недоволно добри. „Тешко мене, јас сум нечиста личност и живеам меѓу нечисти луѓе. Сега, кога јас навистина те гледам, Господе, јас се гледам себеси. Помагај!“ И Бог помага, со благодат која е поголема од нашиот грев. Ако неговата светост е голема, Неговата благодат е на некој начин поголема, зашто го опфаќа секој наш грев кој се спротивставува на чистотата на Неговата светост. "Дојдете, да зборуваме за Господовата големина, да го возвишиме името Негово" (Псалм 34:3).

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056