Изреки 13:10-19
Изреки 13:10-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет. Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот. Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда. Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта. Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст. Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости. Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение. Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави. Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
Изреки 13:10-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет. Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува. Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот. Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление. Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест. Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото.