Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 13

13
1 # 15,5.32 Мудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот. 2#12,14; 18,20Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство. 3#10,19; 18,21; 21,23Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему. 4#10,4; 12,27Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити. 5#11,12; 23,9Праведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно. 6#11,3.5Правдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот. 7#11,24; 12,9Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство. 8#22,2; 23,4Понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши. 9#4,18; 20,20; 24,20Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува. 10#11,2Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет. 11#10,2; 20,21; 21,6Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. 12#15,13.15; 27,19Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот. 13#13,21Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда. 14#14,27Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта. 15#3,4; 21,8Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст. 16#12,23; 15,2Секој благоразумен работи со знае­ње, а глупавиот се истакнува со глупости. 17#25,13Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение. 18#15,5Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави. 19#1 Мојс 3,6; Пс 10,3Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото. 20#14,7; 15,7Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде. 21#10,24Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро. 22#28,8Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните. 23#15,25; 22,28; 23,10Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат. 24#19,18; 22,15; 23,13-14; 29,15.17Кој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години. 25#10,3Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од не­достиг.

Селектирано:

Изреки 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност