Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 13:10-19

ПОСЛОВИЦИ 13:10-19 MKB

Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет. Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува. Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот. Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление. Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест. Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото.