Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 13:10-19

Изреки 13:10-19 MK2006

Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет. Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот. Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда. Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта. Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст. Секој благоразумен работи со знае­ње, а глупавиот се истакнува со глупости. Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение. Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави. Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.