Псалми 109
109
ПСАЛМ 109
Помазаникот – вечен Цар и Првосвештеник
1 #
Мт 22,44; 26,64; Мк 12,36; Лк 20,42-43; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25; Евр 1,13; 10,32-33; 1 Птр 3,22 Псалм на Давид.
Му рече Господ на мојот Господ:
„Седи од Мојата десна страна,
додека не ги поставам непријателите Твои
за подножје на нозете Твои“.
2Жезолот на силата Твоја ќе Ти го испрати Господ од Сион
и Ти владеј среде непријателите Твои.
3 #
Суд 5,2; Ис 49,1 Со Тебе е власта во денот на силата Твоја,
во сјајот на светиите Твои;
уште пред Деницата Те родив од утробата.
4 #
88,3; 131,11; 1 Мојс 14,18; Евр 5,6; 7,16.20 Се заколна Господ и нема да се покае:
„Ти си свештеник довека, по чинот Мелхиседеков“.
5 #
15,8; Ис 63,6 Господ, Кој е од Твојата десна страна,
во денот на Својот гнев здроби цареви;
6 #
67,21
Тој ќе суди меѓу народите,
ќе ги исполни со трупови,
ќе ги здроби главите на мнозина на земјата.
7Од потокот на патот Тој ќе пие,
затоа ќе ја извиши главата.
Селектирано:
Псалми 109: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024